Како шефот да биде пријател со вработените но да не ја поминува границата

Пријателствата во канцеларија се комплицирани, особено ако сте шеф. Важно е да се одржуваат добри односи со вработените и да се направи да се чувствуваат удобно околу вас. Но, во исто време постои ограничување кое не треба да се преминува ако не сакате луѓето да го изгубат почитувањето и да се обидат да ја користат вашата блискост. Како да одржува рамнотежа ни даваат неколку совети од Inc.com.

Ако сакате да се доближите до вашите вработени:

- Прашајте ги почесто за нивните мислења;

- изразувајте благодарност, ценете ги нивните напори;

- Бидете позитивни. Луѓето се привлечени од енергични и оптимистички поединци.

Ако сакате да поставите појасна граница во вашата врска:

- Направете построг временски распоред во канцеларијата;

- учтиво одбивајте покани за прекувремени состаноци кога стануваат премногу чести;

- Наведете ги улогите што секој ги има на работното место и нагласете дека тие не треба да бидат непочитувани;

- забележете им на вработените кога нивните разговори со вас стануваат премногу лични или несоодветни.

faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари