logo
logo
logo

Како се запознале КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА И ПРИНЦОТ ФИЛИП

Vecer | 10.04.2021

Како се запознале КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА И ПРИНЦОТ ФИЛИП

Војводата од Единбург и кралицата Елизабета беа во брак 74 години, сè до смртта на принцот Филип во петокот, на 9 април.

Парот се запознал кога биле деца, во 1934 година, на венчавката на братучетката на принцот Филип, принцезата Марина, со принцот Џорџ, војводата од Кент.

Во тоа време, Филип, роден на Крф, бил грчки и дански принц. Тој имал 13, а принцезата Елизабета само осум години. Тие повторно се сретнале пет години подоцна, во 1939 година, на Кралскиот поморски колеџ.

Според гувернантата на Елизабета, Марион Крафорд, принцезата била привлечена од изгледот на принцот Филип. Таа во своите мемоари напишала дека принцезата поцрвенувала во лицето кога ќе го видела.

Друга личност која забележала дека на принцезата и се допаѓа Филип е нејзината братучетка Маргарет Родос, која во својата биографија забележала дека принцезата е навистина в љубена од самиот почеток.

Вујкото на принцот Филип напишал дека нивното прво заедничко излегување било „голем успех“. По првиот состанок, тие започнале да разменуваат писма додека тој служел во медитеранските и пацифичките флоти за време на Втората светска војна.

Кога принцот Филип се вратил, тој побарал од таткото на Елизабета, кралот Џорџ Шести, дозвола да ја запроси.

Чинот е објавен за 9 јули 1947 година. Прстенот за оваа свечена пригода го направил златарот Филип Антробус користејќи дијаманти од дијадемата што и припаѓала на мајката на Филип, принцезата Алиса од Бетенберг.

Венчавката се случила само четири месеци по церемонијата на свршувачката во палатата Вестминстер на 20 ноември.

Принцезата Елизабета е десеттата членка на кралското семејство која се омажила во палатата Вестминстер.

Пред бракот, принцот Филип бил назначен за војвода од Единбург, покрај тоа што му биле доделени уште две титули, Ерл од Мариот и Барон Гринич во лондонската област.

На свадбената церемонија присуствувале две илјади гости.

Венчаницата на Елизабета е дизајнирана од Сер Норман Хартнел. Венчаницата била инспирирана од сликата на Ботичели „Примавера“. Направен од сатен и украсен со 10.000 бисери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk