logo
logo
logo

КАКО СЕ СЛАВИ ВЕЛИГДЕН НИЗ СВЕТОТ: Борби со јајца и прскање со вода

Vecer | 01.05.2021

КАКО СЕ СЛАВИ ВЕЛИГДЕН НИЗ СВЕТОТ: Борби со јајца и прскање со вода

Велигденските обичаи во земјите низ светот се различни како и нивните народи. Од велигденски пиленца во Шведска и погреб на харинга во Ирска, традициите продолжуваат до прскање со вода во Полска. Секоја земја си има свои обичаи, во кои често се мешаат пагански и христијански мотиви…

Бугарите, на пример, фрлаат со јајца по ѕидови или прават борба со јајца. Оној кому јајцето нема да му се скрши ќе биде најуспешниот во годината што претстои. Во Полска, пак, Велигден се слави традиционално, при што постои обичај на вториот ден од Велигден, т.е. во понеделникот, луѓето меѓусебно да се прскаат со вода.

Во Германија обичај е да ги кријат велигденските јајца низ градината или во домот, а кој ќе успее да најде најмногу јајца, тој ќе биде најсреќен во годината што следува. Французите го слават мирно и без црковни ѕвона. Во неделата се слушаат црковните ѕвона и луѓето си честитаат и се прегрнуваат, славејќи го воскреснувањето на Христос.

Во Унгарија е многу мирисно за Велигден. Мажите на Велигден т.е. во неделата, жените и девојки ги прскаат со парфем или вода, а како благодарност за тоа добиваат кекси и колачи. Не треба да се пропушти ни славењето на Велигден во Велс. Таму се пее. Во овој период се организираат натпревари на црковни хорови. Во останатиот дел на Велика Британија луѓето се удираат со врбово стапче за среќа.

Во Ирска се организираат натпревари во танцување и т.н. погреб на харинга со кое се обележува завршувањето на постот. Во Мексико, пак, постои двонеделен народен фестивал. Улиците се украсени со оригами од креп и тоалетна хартија, на Велики Петок има шарена црковна парада, а вечерта почнува тажна процесија.

Во Америка иако официјално не го слават Велигден, сепак во Вашингтон претседателот им дели на децата дрвени велигденски јајца со автограм од претседателската двојка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk