logo
logo
logo

Како се СЛАБЕЕ 80 КИЛОГРАМИ

Vecer | 16.06.2021

Како се СЛАБЕЕ 80 КИЛОГРАМИ

Нес Чатрагел  од Тајланд успеал да изгуби 80 килограми и од многу дебел човек се претвори во слаб млад човек.

Тој објави неколку фотографии како изгледал како дебел, а потоа покажа како изгледа денес. Тој позираше и во панталоните што ги носел на почетокот на долгото патување до слабеење, што јасно докажува дека имал двојно поголема тежина.

Кога ослабел, успеал да се собере во едната ногавица на панталоните што ги имал додека бил дебел.

Тој откри дека паднал од 156 килограми на 75. Тој бил дебел уште од детството, а одлуката за слабеење ја донел поради зголемените тешкотии при одење и спиење.

Тој исфрлил од исхраната пржена храна, закуски и шеќер. Пешачел по час или два секој ден и така се подготвувал за поинтензивно вежбање.

- Секој треба да го избере она што најмногу му одговара од спортски активности, без разлика дали станува збор за возење велосипед, пешачење, трчање или вежбање во теретана. Исхраната е исто така важна, како и одлуката дали сакате да бидете во добра форма. Ги поддржувам сите оние кои сакаат да се справат со својата тежина. Физичкото здравје е многу важно - рече тој во една објава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk