logo
logo
logo

КАКО ОД БАЈКА: Погледнете ги 5те божествени тоалети кои Кити Спенсер ги носела на венчавката (ФОТО)

Vecer | 27.07.2021

КАКО ОД БАЈКА: Погледнете ги 5те божествени тоалети кои Кити Спенсер ги носела на венчавката (ФОТО)

Внуката на принцезата Дајана се венчала за Мајкл Луис во Италија, а една венчаница не била доволна за гламурозната прослава.

Лејди Кити Спенсер, ќерката на Чарлс Спенсер и внука на принцезата Дајана, се венчала за 31-годишниот богаташ Мајкл Луис. Прославата се одржала во вила во близина на Рин и не е доволно да се каже дека сè било бајковито, од амбиентот до венчаниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolce&Gabbana (@dolcegabbana)

Викторијанската венчаница со потпис на „Dolce & Gabbana“ ја носела како принцеза и изгледала совршено - бела тантела, огромен шлеп и надуени ракави.

Тоа не било сè кога се работи за стајлингот на Кити на венчавката. Една венчаница, колку и да била елегантна, не била доволна! Кити се пресоблекла уште 4 пати и покажала уште 4 божествени тоалети од модниот бренд, чие заштитно лице е самата таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolce&Gabbana (@dolcegabbana)

Најпрвин, вечерта пред венчавката, Кити носела нежно сина тоалета од линијата „Alta Moda“, со цветни мотиви и накит кој го надополнува впечатокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolce&Gabbana (@dolcegabbana)

После церемонијата, носела фустан од свила со украси од везени цвеќиња и кристали, во кои доминира зелената боја.

Вечерната забава била повод за Кити да облече коктел фустан со златни и сребрени детали, а другиот ден се појавила со бајковита тоалета украсена со цветови, светки...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk