logo
logo
logo

Како настанува „КРВАВАТА МЕСЕЧИНА“

Vecer | 27.05.2021

Како настанува „КРВАВАТА МЕСЕЧИНА“

Астрономски феномен познат како Супер Месечина, кој периодов се појавува на нашето небо, значи дека полната месечина ќе биде најблиску до планетата Земја, а овој феномен се јавува истовремено со затемнувањето на Месечината.

Овој феномен ќе биде видлив во Северна и Јужна Америка, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд, а луѓето во Македонија ќе можат да ја видат полната месечина и да ја фотографираат.

Зоран Томиќ од белградското астрономско друштво „Руѓер Бошковиќ“, вели дека Супер Месечината визуелно нема разлика во однос на која било полна Месечина, освен што изгледа поголема и посветла.

 

Овој феномен се нарекува и „крвава месечина“, бидејќи целосното затемнување на Месечината се случува на спротивната страна од земјината хемисфера, кога Месечината поминува низ сенката на Земјата и го губи својот сјај и добива црвеникава боја.

„За да дојде до затемнување, потребно е Сонцето, Земјата и Месечината да бидат во иста линија, односно Месечината да помине низ Земјината сенка, а потоа Месечината целосно да се затемни и да изгуби својот сјај, односно од нејзината површина да не се рефлектира светлина. “, објаснува Томиќ.

Таквата Месечина нема посебно влијание врз Земјата, а феноменот на небото ќе трае кратко.

Тој додава дека е најдобро да се набљудува Месечината со помош на телескоп, кога е во фаза помеѓу полна и млада.

- Бидејќи Месечината е видлива со голо око, можеме да ја набудуваме со голо око, двоглед, а телескопот е интересен затоа што најдобро ќе ја позиционира Месечината. Најинтересно е да се набљудува кога е помеѓу полна и млада, бидејќи се гледаат релјефи или кратери, што најдобро може да се види во тој период“, објаснува Томиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk