logo
logo
logo

Како на филм: Сама се породила на пат, па седнала и продолжила да вози

Vecer | 21.05.2022

Како на филм: Сама се породила на пат, па седнала и продолжила да вози

Хедер Скетс од Кентаки беше во центарот на вниманието на американските медиуми откако го роди своето шесто дете сама, покрај пат, додека другите деца ја гледаа од автомобилот.

Таа на својот Фејсбук профил објави семејна слика, но и напиша за ова необично искуство.

Бидејќи имала три недели од терминот за породување, таа не се грижела и седнала во автомобилот со своите деца за да изврши некои задачи.

„Не мислев дека ќе го држам бебето во раце неколку часа подоцна“, рече мајката.

Меѓутоа, наеднаш почнале контракциите и таа сфатила дека мора да го запре автомобилот бидејќи наскоро може да се породи.

Планирав да се породам во вода, дома, како и претходните породувања, но не одеше според планот. Буквално се возев во кола со моите деца, кога наеднаш почувствував потреба да застанам. Излегов од автомобилот, се префрлив на другата страна, во тревата и добив бебе. Беше толку брзо! Мислев дека вакви работи се случуваат само во филмовите“, напиша таа.

„По породувањето се вратив во автомобилот на децата и продолжив да возам дома. Новороденото бебе сè уште беше врзано за мене со папочна врвца. Дома ме чекаше бабичката, а потоа моравме да ја извадиме тревата од бебето “, напиша на шега таа.

Фото: Фб

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk