logo
logo
logo

КАКО НА ФАБРИЧКА ЛЕНТА! Ник Канон чека 7-мо дете. Односно 4-то во последните 6 месеци

Vecer | 26.05.2021

КАКО НА ФАБРИЧКА ЛЕНТА! Ник Канон чека 7-мо дете. Односно 4-то во последните 6 месеци

Американскиот актер, комичар и музичар Ник Канон го очекува своето седмо дете со манекенката Алиса Скот. Веста доаѓа откако веќе беше објавено во последните шест месеци дека има едно и дека чека уште две деца.

Имено, 40-годишниот Ник во моментов чека близнаци со диџејката Аби Де Ла Роса, додека со моделот Бретани Бел ја има ќерката Powerful Queen и синот Golden. Тој е исто така татко на близнаците Марокон и Монро, кој ги доби со пејачката Мараја Кери пред десет години.

Веста за најновата принова пристигнува од Алиса, која на социјалните мрежи објави фотографија на која позира гола и јасно се гледа нејзиниот труднички стомак. Заедно со фотографијата, таа напиша Зен С.Канон и на сите им даде до знаење кој е среќниот татко, а им се заблагодари и на обожавателите кои почнаа да ѝ честитаат на неа и на Ник.

Според медиумот „The Sun“, Ник и Алиса биле видени заедно на нејзиниот роденден во еден ресторан во Малибу, но ниту едниот ниту другиот не потврдил дека се во врска.

Веста дека со неа очекува бебе, доаѓа само еден месец откако Аби Де Ла Роса потврди дека Ник е татко на нејзините близнаци, а и таа ја одбележа својата бременост со голи фотографии.

Поранешната мис Аризона, Бретани Бел ја сподели веста за нејзината бременост со Ник во јуни минатата година кога тој беше во врска со Џесика Вајт, а нивната ќерка се роди во декември.

Патем, Ник призна дека живее во полиаморија, што вклучува одржување на неколку интимни врски со разни партнери кои го одобруваат сето тоа и тврди дека не верува во брак.

"Верувам дека врските и претежно бракот е направен за да ги задоволи жените. Тие зборуваат цел живот за тоа како да фатат сопруг. А ние само се појавуваме, дури и на нашата венчавка - јас бев само дел од сето тоа", заклучи Ник во едно од интервјуата пред неколку години.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk