logo
logo
logo

КАКО МАЖИТЕ ДА ПАЃААТ ПО ВАС - 5 правила за да бидете неодоливи

Vecer | 24.03.2021

КАКО МАЖИТЕ ДА ПАЃААТ ПО ВАС - 5 правила за да бидете неодоливи

Сите жени сакаат да се посакувани и затоа која некој маж ги одбива не им е сеедно, бидејќи според непишаните правила тоа не би требало да се случи.

Затоа постојат пет едноставни правила кои треба да ги применувате, а мажите ќе паѓаат по вас.

Не глумете, туку бидете тоа што сте

Првото и најважното нешто што често се заборава е: БИДЕ СВОИ! Треба да дозволите лицето за кое сте заинтересирани да ве сака. Идеално е да се трудите секогаш да бидете најдобрата верзија на себе, но никогаш да не бидете некоја која што тој би ја сакал, а вие да заборавите која сте. Ако не ве сака какви што сте, сигурно нема да го придобиете со лажна слика за себе.

Изразете го своето мислење

Ништо не е попривлечно за мажите од жената со став! Ако мислите дека ја преминал границата или ако едноставно не се согласувате со кажаното,  направете чекор напред и разјаснете му дека не сте само убава појава. Сите вистински мажи им се восхитуваат на жените со карактер, кои знаат да размислуваат со глава и кои знаат да се борат за она што го сметаат за важно без ароганција.

Покажете дека ви е пријатно во вашата кожа

Скоро ниту еден маж не може да одолее на девојка која зрачи со самодоверба. Девојка која ќе оди со крената глава. Кога ќе се чувствувате добро во својата кожа и ќе се сакате, тогаш ќе го плените и освоите со вашиот неодолив шарм.

Охрабрете го со љубезност и насмевка

Бидете доволно љубезни да ги прифатите неговите шеги, кои можеби не се премногу смешни, но тие можат да го скршат мразот. Насмевнете се, кажете нешто убаво, заинтересирајте се за областите што ги разбира најдобро и пофалете некои од неговите гестови. Бидете спонтани и охрабрете го да се отвори и да добие впечаток дека покрај себе има личност што може да слуша, а не само да зборува. Ова ќе ве направи поудобно, особено ако сте на прв состанок.

Бидете забавни и покренете ја неговата енергија

Мажите обично мислат дека жените се пасивни и дека сакаат само да пијат долги кафиња, да лежат на сонце и да купуваат. Покажете му дека сте автентични и предложете активности кои ќе ве забавуваат. Покажете дека сте личности која знае како да иницира и не дозволува врската да биде монотона и здодевна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk