Ако автомобил произведен во поранешна Југославија или Србија заслужува статус на „ограничено издание“, тогаш тоа дефинитивно е Југо кабрио.

Моделот, дизајниран во Америка, е создаден во соработка со челниците на Југо Америка, дизајнерот на американската компанија Jubbu Designers Inc и експерти од Крагуевац. Сепак, само околу сто копии беа пласирани на американскиот пазар, од кои 25 беа уништени при тестови.

Еден од нив беше продаден во 2013 година за како дури 11.000 долари и тогаш важеше за насјапо продадено југо.

Сепак, ова жолто југо кабрио го престигна. Аукциската куќа Barrett-Jackson, успеа да собере дури 12.100 долари на аукцијата за жолтото „Југо ГВЦ Кабрио“ во саботата.

Според километражата, ова југо е во рангот на споменатиот претходник, бидејќи километарскиот часовник покажува само 370 милји, односно 595 километри поминати. Автомобилот има 1.299 кубни сантиметри мотор со 65 „коњски сили“ и 5-брзински мануелен менувач.

Овој кабриолет има највисок GVX пакет опрема која вклучува: зајакната рамка на шофершајбната, засилена спојка, изменета електрична инсталација, спортски браници и странични панели на каросеријата, алуминиумски тркала.

Кога југото кабриолет излезе од фабрика чинеше точно 8.300 долари на американскиот пазар во 1990 година, што би изнесувало околу 17.370 долари во денешните пари, вклучувајќи ја и триесетгодишната инфлација.

Цената на основниот модел GVX, врз основа на кој е создаден, изнесуваше 5.699, или 11.928 долари во денешни пари.