logo
logo
logo

Како да заштедите секој пат кога купувате на акција

Vecer | 08.04.2021

Како да заштедите секој пат кога купувате на акција

Една штедлива мајка од Австралија го сподели својот трик за заштеда на пари на Фејсбук. Таа купува скоро сè на попуст или специјални промоции, а износот што го заштедува го префрла на посебна сметка.

Откако ќе ги платила своите намирници, таа ја проверувала својата сметка за да види колку пари успеала да заштеди со таа набавка и потоа ја ставала таа сума на штедната картичка.

Мајката признала дека овие заштеди се корисни за Божиќните празници кога станува збор за купување подароци. Таа објави фотографија од својата сметка на Фејсбук каде покажа колку успеала да заштеди со одредена набавка заштеди.

Таа започна со овој метод во јануари 2020 година, а минатата година заштеди дури 2000 евра. Оваа година таа успеа да заштеди нешто повеќе од 600 евра, кои планира да ги искористи за Божиќ.

„И јас сакам добар буџет и постојано го подобрувам нашиот! Тоа е добра работа. Се надевам дека сите го цените мојот совет ’, напиша таа покрај фотографиите на Фејсбук.

На другите им се допаднаа нејзините совети, а објавата ја сакаа повеќе од 800 луѓе.

‘Баш фантастична идеја, и јас ќе започнам оваа недела. Ви благодарам за советот “, напиша една жена во коментарите.

Идејата е одлична за оние кои не штедат редовно и сакаат да започнат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk