logo
logo
logo

Како да чувате храна во автомобил: Оваа храна никогаш не смее да ja носите кога патувате

Vecer | 12.06.2021

Како да чувате храна во автомобил: Оваа храна никогаш не смее да ja носите кога патувате

Веројатно сте чувале храна во вашиот автомобил безброј пати. Можеби сте биле на голема набавка за дома, се подготвувате да одите на викенд-патување или само сте купиле приготвена храна за носење, со вакви ситуации се случуваат повеќето од нас.

Без оглед на причината, кога ќе се најде храна во автомобилот, треба да обрнете внимание на безбедноста, особено ако членовите на вашето семејство се деца под 5 години, бремени жени, возрасни лица над 65 години или некој што е болен. За да може храната да биде безбедна за консумирање, треба да се избегнува „опасната зона“, односно температури помеѓу 4 ° C и 60 ° C.

Општо, храната во автомобилот треба да се чува во преносни фрижидери. Од друга страна, постојат оние јадења што треба да останат топли.

Ставете ја храна што треба да остане ладна во фрижидерчиња со мраз, и внимавајте температурата никогаш да не биде над 4 ° C. Исто така, чувајте пијалоци во ваквите фрижидерчиња, покрај сецкани овошја и зеленчук, јогурт, па дури и храна што е помалку чувствителна на високи температури како енергтски барови или јаткасти плодови.

Треба целосно да се избегнува лесно расиплива храна, како што се млечни производи и салати кои содржат мајонез. Месото исто така може да биде опасно, затоа изоставете го.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk