logo
logo
logo

КАДЕ ГРЕШАТ ЖЕНИТЕ: Зошто машкото не ги бара после прв состанок

Vecer | 19.01.2022

КАДЕ ГРЕШАТ ЖЕНИТЕ: Зошто машкото не ги бара после прв состанок

Сте излегле на прв состанок се било супер, но после тоа тој не ве побарал. Речиси и да нема жена која барем еднаш не поминала вакво искуство. За што станува збор и кои се најчестите „грешки“ во флертувањето?

Некои жени се родени да флертуваат, други се помалку упатени во областа. Но, и најдобрите прават некои од овие грешки...

Нејасни сигнали

Не е доволно убаво да се облечеш и да гориш  одвнатре. Ако не му дадете до знаење дека ви се допаѓа, со насмевка, лежерен допир или заинтересирано слушање, нема да знае дека ви се допаѓа.

Прекумерна самодоверба

Зборувањето за други момци кои ви пеат под прозорецот и чекаат во ред само да ве видат, ќе го избркате момчето што ви се допаѓа. Никој не сака фалбаџики.

Премногу смеење

Мажите сакаат кога се смеете на нивните шеги, но ако претерате, ќе помислат дека глумите и ќе го доживеат тоа како знак дека не се смешни. Кога ќе го повредите нивното его, не можете да очекувате да уживаат во безопасно флертување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk