logo
logo
logo

ХОРОР ПРИКАЗНА

Каде е и што прави Патриција Гучи?! Го убила мажот, а од него и понатаму заработува милиони годишно

Vecer | 29.11.2021

Каде е и што прави Патриција Гучи?! Го убила мажот, а од него и понатаму заработува милиони годишно

Филмот „Куќата на Гучи“ ја заинтересира јавноста за приказната за Патриција Гучи, родена Реџани, попозната во италијанските медиуми како „црната вдовица“. Многумина ги интересира што се случило со жената која го нарачала убиството на сопругот Маурицио Гучи, сопственик на оваа компанија, а која во филмот ја одигра Лејди Гага, по излегувањето од затворот каде поминала 18 години.

 

Guči

Патриција денес живее мирен живот и не е често присутна во јавноста, иако е често мета на таблоидите. Најчесто ја гледаат во Милано, со папагал на рамот. Во една прилика ТВ-екипа ја сретнала пред луксузна златарница каде почнала да работи. Еден од репортерите ја прашал зошто најмила платен убиец место сама да го убие сопругот, а таа рекла дека видот и е слаб, а не сакала да промаши.

 

Guči

Судот во Милано решил таа, иако го нарачала убиството, да добие прилично добра сума од неговото наследство и тоа заради спогодбата која Маурицио ја потпишал во 1993. Ретроактивно и биле исплатени парите што не ги примала додека била во затвор, а што е нешто повеќе од 18 милиони евра. Имотот на Маурицио го наследиле нивните две ќерки Алегра и Алесандра.

Patrisija Guči

- Сонувам за враќање на Гучи, уште се чувствувам како Гучи, всушност најмногу сум Гучи од сите. Дојдов од светот на дијамантите и сакам во него да се вратам, неодамна рекла Патриција.

Patrisija Guči

Алесандра имала 20, а Алегра 16 кога мајка им е уапсена во 1997. Сестрите во 2004 водеа кампања за повторно суење во случајот на Патриција, а Вог извести дека тврделе оти мајка им „не управувала со своите ментални способности во време на убиството“ откако била подложена на операција за отстранување на тумор на мозокот во 1992. Алегра студирала право за да и помогне на мајка си. И додека двете јавно ја бранеле, таа признала дека ќерките всушност повеќе не разговараат со неа.

Инаку, покрај милионите на својот татко по смртта ги наследиле јахтите „Креол“ и „Авел“, како и имотите во Њујорк, Сент Мориц и Милано. Гардијан тврдеше дека двете се мажени и живеат во Швајцарија, но дека сакаат да останат подалеку од очите на јавноста.

 

Patrisija Guči

Тешка судбина

Италијанската дизајнерка на ентериес Паола Франчи му била партнерка на Гучи за време на неговото убиство во 1995. Биле пријатели од детството, а повторно се поврзале во 1990 година. Паола продолжила да живее по смрта на Маурицио, но силен удар и бил зададен кога Чарли, синот на поранешниот сопруг кого го прифатила како свое дете, се самоубил на 16 години.

Напишала и свтобиографија во која ги изнела најдлабоките мисли за односот со Гучи, самоубиството на посиноот и како ја надминала тагата.

Patrisija Guči

Легендарни изјави на Патриција Гучи

  • Попрво ќе плачам во ролс-ројс, отколку да се смеам на велосипед.
  • Никогаш во животот не сум работела, не планирам ни сега да почнам.
  • И понатаму се чувствувам како Гучи. Впрочем повеќе сум Гучи од сите нив.
  • Спијам многу. Се грижам за своите билки, а најмногу за Бамби, мојот твор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk