Јоксимовиќ: Чувствувам болки секое утро

Актерот Саша Јоксимовиќ отишол на неколку прегледи, а на последниот ги шокирал лекарите кога виделе како изгледа неговиот желудник.
Актерот Саша Јоксимовиќ уште од детството мака мачи со здравствениот проблем поврзан со желудникот, како што вели, овој проблем го има уште од школските денови и веќе ниеден лек не му помага.
Гостувајќи во емисијата „РТС ординација“ тој објасни какви симптоми има и што му кажале лекарите кога отишол на преглед во обид да го реши овој проблем.
– Мојата ситуација е таква што и во моментов ме боли желудникот. Наутро ме боли. Тоа е чувство на непријатност, тапа болка одвнатре. Ниту еден лек не ми помага. Порано лековите имаа ефект, а сега не. Често се наоѓам во ситуација да морам да примам инфузија во која има коктел од разни лекови за да ми се смири стомакот… Седум-осум пати „голтав“ сонда, па ми открија хеликобактер пилори. Последен пат кога бев таму, докторите ми рекоа дека такво нешто досега не виделе, дека мојот желудник личи на лубеница. Целата крв, слуз ми се спушта низ желудникот и тогаш ми дијагностицираа воспаление на долниот дел од хранопроводникот и гастритис – изјави актерот.
Проблемот, како што вели, го добил од лоша и сува храна. Алкохол не пие, но со оглед што ниеден лек не му помага, некогаш зема голтка ракија, па му се чини дека непријатноста поминува.
Јоксимовиќ денес е популарен по неколкуте истакнати улоги, но и повремените водителски ангажмани. Сепак, на овој пат до славата честопати го споредуваа со неговиот брат, пејачот Жељко Јоксимовиќ.