Ако сте качиле неколку килограми за време на Велигденските празниците, оваа диета ќе ви се најде. Доколку сакате да изгубите некој сантиметар во обем, во тоа ќе ви помогне  јогуртот. Тој е главната храна на оваа диета, која се држи само 3 дена.

Дејството на диетата со јогурт се заснова на придобивките од пробиотските култури кои го подобруваат здравјето на цревната флора. Благодарение на нив, храната се вари побрзо, па отровите се излачуваат од организмот. Кога храната темелно се вари, се подобрува здравјето на цревата, а со тоа и општото здравје на организмот.

За време на држењето на оваа диета, се препорачува да пиете до 2 литри јогурт дневно, а можете да јадете свежо овошје, зеленчук и месо.

Диета со јогурт – 1 ден

За доручек, јадете салата од краставица со јогурт. Или чаша овошен јогурт со лажица овесни снегулки по желба.

За ручек, испржете  пилешко месо во маслиново масло, а како прилог јадете два домати и јогурт. Исто така, за ручек, можете да издинстате пиперки или тиквички во лажичка маслиново масло, да измешате со 50 гр ориз и да додадете малку сол и бибер.

Наместо десерт, земете јогурт со свежо овошје.

Вечера:  исечкан морков, јаболко и 50 гр шунка пропржете со лажичка маслиново масло и истурете чаша јогурт со малку маснотии. Ако преферирате, можете да мешате бобинки со јогурт и да уживате во вкусна вечера.

 

Диета со јогурт – 2 ден

За доручек, исечете краставица на коцки, истурете чаша јогурт со малку маснотии и додадете малку сол и бибер.

За ручек, исечете 150 гр филе од мисирка во коцки, додадете сол и бибер и пржете во маслиново масло. Додадете сецкани шампињони (50g), домати и пиперки, а кога зеленчукот ќе омекне, додадете една чаша јогурт. Друга варијанта за ручек може да бидат пржени печурки и ориз во маслиново масло.

За вечера, изедете два моркови и јогурт. Или истурете една лажица диви бобинки со две чаши јогурт.

 

Диета со јогурт – 3 ден

За појадок, измешајте чаша јогурт со излупено и сецкано јаболко, малку цимет и додадете малку сол и бибер.

За ручек, испечете околу 150 гр филе ослич и направете салата од јогурт, сецкана краставица и малку сенф.

 

За вечера, сварете 100 гр тестенини и додадете исечкана пиперка и варено јајце, и прелијте со јогурт.

Оваа диета не треба да ја држите повеќе од три дена за да не му наштетите на организмот. По три дена, вратете се на вообичаената исхрана, а ако сакате да ја повторите, почекајте три недели.