Доколку барате диета која би ви помогнала да ослабете за рекордно време, можеби диетата со јогурт е вистинското решение за вас! Пробиотиците кои се наоѓаат во јогуртот го стимулираат растот на здравата цревна флора, што резултира со побрзо варење на храната, елиминација на токсините, а со тоа и губење на тежината.
Вака изгледа диеталното мени на јогурт диетата 3 дена, во кои можете да изгубите до 4 килограми:
Прв ден
Појадок: Наутро јадете обичен јогурт со овошје и житарки по ваш избор.
Ручек: Запржете го зеленчукот по ваш избор на маслиново масло и на крајот измешајте со варен ориз. Освен сол и бибер, не додавајте зачини во зеленчукот. За десерт јадете јогурт со парчиња овошје.
Вечера: Пред спиење ќе ве засити салата со шунка и морков. Исечкајте еден морков, едно јаболко и 50 г шунка, па додадете маслиново масло. Измешајте сè заедно со јогурт.
Втор ден
Појадок: За салата од краставици потребни ви се јогурт и краставица што треба да се исече на коцки и на крај се да се измеша. Зачинете со сол и бибер.
Ручек: Посолете и додадете бибер врз малку пилешко исечкано на коцки и пржете во маслиново масло. Додадете сечкани печурки, еден домат и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне, тргнете го од оган и додадете го јогуртот.
Вечера: Измешајте две чаши јогурт со неколку мешани шумски бобинки или кое било друго овошје по ваш избор.
Трет ден
Појадок: Измешајте сирење, сечкано јаболко, малку цимет со јогурт и на крајот додадете малку сол и бибер.
Ручек: Испечете 150 грама филе ослич, а како прилог направете салата од јогурт, сечкана краставица и малку сенф.
Вечера: Сварете сто грама тестенини, додадете една сечкана пиперка и варено јајце. Измешајте сè заедно со јогуртот.