Јелена Ѓоковиќ објави селфи со британската принцеза

Јелена Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил објави селфи од Веб-самитот што се одржува во Лисабон. Сопругата на Новак Ѓоковиќ направи селфи со британската принцеза Беатрис, ќерка на принцот Ендрју и војвотката Сара Фергусон.

Јелена и Беатрис зборуваа на самитот со  други две русокоси, Белинда Голдсмит и Синтија Џонсон.

„Одлична трибина и прекрасна можност да зборувам за навистина важна тема – филантропијата, и тоа пред голема публика на Веб-самитот, и со овие моќни, неверојатни жени”, напиша Јелена во описот на селфито.

Принцезата Беатрис зборуваше на самитот за онлајн злоупотребата што и самата ја доживеа. Во Лисабон таа не дојде како претставник на кралското семејство, туку како претставник на софтверската компанија „Афинити“, во која е вработена. За разлика од Вилијам, Кејт, Хари и Меган, Беатрис и нејзината сестра Евгенија работат во компании кои се поврзани со нивното образование и не добиваат џепарлак од кралицата Елизабета.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари