logo
logo
logo

Јапонските власти бараат од жителите да штедат електрична енергија во екот на топлотниот бран

Vecer | 27.06.2022

Јапонските власти бараат од жителите да штедат електрична енергија во екот на топлотниот бран

Неочекувано годинава многу рано заврши сезоната на дождови во Токио.

Од жителите на главниот град и околината е побарано да штедат струја, особено во раните вечерни часови.

Во понеделник се предвидува дека температурите во Токио ќе бидат 35 степени Целзиусови, а до недела се очекува да паднат под 34 степени, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), пренесува АФП.

- Бараме од јавноста да ја намали потрошувачката на електрична енергија во раните вечерни часови кога соодносот на резерви паѓа - рече Јошихико Исозаки, заменик генерален секретар на Кабинетот, на редовниот брифинг со новинарите. Но, тој ги предупреди жителите да направат се што е потребно за да избегнат топлотен удар. Поголемиот дел од Јапонија би требало да има дождовна сезона во овој период од годината, но во моментов во повеќе региони се уриваат температурните рекорди. 

Во неделата, градот Исесаки во префектурата Гунма северно од Токио ја забележа највисоката температура досега забележана во Јапонија во јуни, 40,2 степени Целзиусови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk