logo
logo
logo

Јапонија ги отвара границите, но само за „пробни" туристички тури

Vecer | 17.05.2022

Јапонија ги отвара границите, но само за „пробни" туристички тури

Иако туризмот беше еден од главните столбови на јапонската економија, земјата од 2020 година е затворена за туристи уште од самиот почеток на епидемијата на коронавирусот.

Регулативите беа малку олабавени за да им се дозволи влез на студентите и на некои деловни патници, но индивидуалните туристички посети останаа забранети и покрај барањата на туристичките субјекти за рестарт на дејноста, во мигови кога јенот е на најниско ниво за последните 20 години.

Агенцијата за туризам денеска соопшти дека од крајот на месецов ќе почне да дозволува „пробен" влез за мали групни тури, да се види како тоа ќе се одрази врз епидемиолошката ситуација пред целосно отворање на земјата за туристи, што се уште како датум не се соопштува.

Првично земјата се отвара за тројно вакцинирани туристи од САД, Австралија, Тајланд и Сингапур и тоа само преку строго утврдени аранжмани и избрани тур-оператори. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk