logo
logo
logo

Јапонецот, кој потроши богатство за да стане куче, повторно шокира- отвора специјална зоолошка

Vecer | 21.10.2024

Јапонецот, кој потроши богатство за да стане куче, повторно шокира- отвора специјална зоолошка

Во меѓувреме, тој стекнал армија обожаватели на глобалната мрежа. Многумина се фасцинирани од неговиот живот и постојано сакаат да знаат повеќе детали.

Сега Токо открива дека планира да отвори „зоолошка градина“ за други луѓе кои сакаат да „станат“ животни.

Во најновото видео тој им нуди на своите фанови шанса да го доживеат животот како домашно милениче.

„Кога бев дете, мислев дека би било одлично ако има служба што ќе ми овозможи да станам животно. Еве што можам да направам за луѓето кои се чувствуваат како мене“, рече тој.

Токо додава дека посебното место ќе послужи за исполнување на соништата.

„Ќе ја отворам зоолошката градина во Токотоко каде што можете да станете животно“, истакна тој.

Тој откри дека ќе „понуди“ само еден тип, односно костимот на маламут од Алјаска, пренесува Daily Star.

„Во зависност од вашата висина и градба, можеби нема да можете да го носите“, предупреди тој.

Не е потврдено, но се чини дека станува збор за костим што го купил претходно оваа година, како алтернатива на костимот на шкотски овчар, што не го понудил за изнајмување.

Токо најавува отворање на „зоолошка градина“ на почетокот на следната година во областа Канто.

Потсетуваме, Јапонецот ангажира компанија од Холивуд на која ѝ биле потребни 40 дена да направи костим на шкотски овчар и ќе признаете дека изгледа фантастично.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk