logo
logo
logo

ЈАХТАТА на руски олигарх продадена за НЕВЕРОЈАТНИ 37,5 милиони долари

Vecer | 30.09.2022

ЈАХТАТА на руски олигарх продадена за НЕВЕРОЈАТНИ 37,5 милиони долари

„Аксиома“ долга 73 метри е првата јахта на олигарх што е продадена како резултат на санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина, според локалниот весник Гибралтар Хроника.

Јахтата пловела под малтешко знаме, а била запленета на барање на американската банка ЏП Морган, која побарала исплата на заем од 20,5 милиони долари од компанијата на Дмитри Пумпјански.

Банката побарала исплата на кредитот бидејќи Пумпјански бил вклучен во списокот за санкции на Европската унија и Велика Британија, а неговиот имот бил замрзнат.

Купувачот остана анонимен, а неговата понуда беше највисока од 63 поднесени до 23 август, соопшти британската аукциска куќа.

Судот се согласи да плати дополнителни 505.000 евра за опремата на бродот, како и за колекцијата на вина и алкохолни пијалоци на бродот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk