logo
logo
logo

Јаделе месо од желка па умреле: Специјалитет од Мадагаскар уби седум, а хоспитализира 38 лица

Vecer | 30.11.2021

Јаделе месо од желка па умреле: Специјалитет од Мадагаскар уби седум, а хоспитализира 38 лица

Од седумте жртви во Мадагаскар, една е тригодишно дете, изјави началникот на локалната полиција Џума, Саид Хамис во Мадагаскар, додавајќи дека најмалку пет семејства јаделе месо од желка на 25 ноември. Властите по инцидентот забранија подготовка на месо од желка.

По труењето се хоспитализирани 38 лица, но повеќето се веќе отпуштени од болница, а тројца од нив се во стабилна состојба.

Месото од желка е деликатес во областа, а примероците се испратени на тестирање за да се открие каков отров содржело месото, објави BBC News.

Иако резултатите од истрагата се уште не се познати, се претпоставува дека отровот би можел да е од алги кои произведуваат токсини во сезоната кога температурите растат. И желките се хранат со истите овие алги, па нивното месо станува отровно и потенцијално смртоносно.

Овој случај не е прв.

Во март 19 лица починаа на Мадагаскар откако беа отруени од месо. Труење е забележано и во Индонезија.

Иако резултатите од истрагата се уште не се познати, се претпоставува дека отровот би можел да е од алги кои произведуваат токсини во сезоната кога температурите растат. Бидејќи желките се хранат со истите овие алги, нивното месо станува отровно и потенцијално смртоносно.

Овој случај не е прв.

Во март 19 лица починаа на Мадагаскар откако беа отруени од месо. Труење е забележано и во Индонезија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk