logo
logo
logo

Ја видел својата сопруга на ТикТок како му вика "ДА" на друг маж: Кинез бил мета на голема измама вредна 350 илјади долари

Vecer | 02.06.2021

Ја видел својата сопруга на ТикТок како му вика "ДА" на друг маж: Кинез бил мета на голема измама вредна 350 илјади долари

Додека скролал на својата омилена апликација ТикТок, Јин Ченг од Кина се шокирал кога забележал видео на кое неговата сопруга се мажи со друг маж во соседниот град. Но, вистинското изненадување за него пристигнало кога тој решил да ја открие позадината на видеото.

Бидејќи има 35 година, Јин важел за стар во своето родно место па неговото семејство го принудило да најде жена. А ваквата задача не е лесна, ниту во Кина ниту било каде. Па така тој побарал помош од стројник кој го запознал со Нена, која имала веќе еден брак зад себе.

Но на Јин ова не му било важно па по неколку видео повици со Нена тој ја замолил да дојде во Бајанур за да конечно се сретнат во живо. А во знак на доверба тој и испратил 1000 јуана. Меѓутоа, не можел да претпостави дека ќе биде мета на голема измама.

А кога таткото на Јин ја запознал Нена, тој посакал да се сретне и со нејзините родители. Но таа му објаснила дека нејзиното семејство е презафатено со работа на село и замолила да свадбата биде одложена поради финансискиот надоместок кој таа го зема од општината.

Семејството на Јин се согласило да оддржи само традиционална свадбена церемонија и се договориле венчавката да биде објавена кога Нена ќе го добие финансискиот надоместок од општината.

Па така, Јин и Нена се венчале во јануари а таа добила мираз од околу 23 илјади американски долари, накит и други подароци.

По само три дена брак, таа му кажала на својот сопруг дека мора да се врати во своето родно село и да помине малку време со своето семејство. Од селото се вратила по една недела, но по само два дена од нејзиното враќање таа повторно му соопштила на Јин дека мора да замине се со цел да и помогне на нејзината мајка. Иако таа поголем дел од времето го поминувала во нејзиното родно село отколку со Јин сепак тој мислел дека ваквото однесување е причина на носталгија и врзаност со родителите.

Јин осетил дека нешто не е во ред откако неговата сопруга прекинала да му одговара на неговите повици. Но работата искочила од контрола во месец март.

Додека скролал на својата омилена апликација ТикТок, Јин се шокирал кога забележал видео на кое неговата сопруга се мажи со друг маж во соседниот град. Невестата на видеото изгледала идентично како неговата сопруга по што тој бил убеден дека станува збор за Нена.

Па така тој уште наредниот ден заминал на местото на настанот и го посетил новиот сопруг на Нена. Тој му признал дека впрочем станува збор за Нена по што Јин веднаш ја повикал полицијата.

Истрагата утврдила дека Нена и стројникот биле дел од голема мрежа измамници, кои искористувале очајни мажи. Тие ги заведувале мажите и им ги земала парите од миразот, одложувајќи го официјалниот дел на свадбената церемонија на кој се потпишуваат документите.

Полицијата уапсила вкупно 5 лица кои биле вмешани во 19 случаи на брачна измама а кои предизвикале штета од 314 илјади американски долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk