logo
logo
logo

Ја тужел на стари години, ОТИ НЕ САКАЛА С*КС СО НЕГО

Vecer | 23.03.2021

Ја тужел на стари години, ОТИ НЕ САКАЛА С*КС СО НЕГО

Французинката на 66 години, поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако локалните судови ја прогласиле за виновна за разводот, бидејќи одбивала да има сексуални односи со нејзиниот сопруг, пренесуваат странските медиуми.

Првата пресуда за случајот на оваа жена е донесена во 2019 година, а Апелациониот суд во Версај пресудил дека таа „сериозно и постојано ги кршела брачните обврски“, што го правело натамошното одржување на семејството и бракот „невозможно“

Оваа одлука подоцна била одобрена од повисокиот суд.

Француските феминистички организации застанаа на страната на осудената жена затоа што сметаат дека оваа пресуда е „архаична“ и дека ги лишува жените кои не се согласуваат на сексуални односи во бракот.

Исто така се додава дека повеќе од 47% од силувањата во Франција ги извршил поранешниот или сегашниот сопруг на жртвата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk