logo
logo
logo

Ја остави жена му за украинска бегалка, СЕГА ОСТАНА И БЕЗ НЕА

Vecer | 27.09.2022

Ја остави жена му за украинска бегалка, СЕГА ОСТАНА И БЕЗ НЕА

Маж од Велика Британија, кој започнал врска со украинска бегалка откако тој и неговата партнерка ја однеле во нивниот дом, сега останал и без неа, пишува Дејли мејл. 

Тони Гарнет (30) тврди дека ја избркал Софија Каркадим (22) од нивниот изнајмен дом. Ја обвинил дека не може да се справи со алкохолот и дека со нож го оштетила ѕидот во куќата. 

Нејзините работи се спакувани во црни кеси и чекаат таа да ги земе, пишува Дејли Мејл. Гарнет ја обвинил Софија дека му се меша во односот со ќерките, велејќи и дека секогаш ги става на прво место. 

Тони се заљубил во Софија неколку дена откако таа почнала да живее со него и со неговата партнерка Лорна Гарнет (28), која е мајка на неговите две ќерки. 

Тој и Софија се најдоа на насловните страници во британските медиуми во мај, откако ја оостави Лорна и се исели од семејната куќа со Украинката.   

Софија е бегалка од Украина, која побегна од земјата за време на руско-украинскиот конфликт. 

Гарнет во изјава за Дејли Меил рече дека „завршиле како пар“.  

Тој рече дека тоа го сфатил кога се скарале во саботата навечер додека го прославувале неговиот 30-ти роденден во дом во Бредфорд. Тој рече дека повикал и полиција откако Софија наводно го оштетила ѕидот, поради што властите дошле на нивна адреса. 

Според неговите зборови, тој бил доста од нејзиното нерационално однесување во текот на четири и пол месеци од нивната врска. 

- Не можам повеќе да го поднесам нејзиното насилство или гнев. Ги оставив Лорна и моите две ќерки за неа, вложив дополнителен напор да не одржувам заедно. Работев напорно за да функционира врската. Мислев дека сум заљубен во неа, но има една нејзина страна што не можам да ја поднесам. „Таа станува лута и агресивна“, рече Гарнет. 

Британецот тврди дека Софија во саботата навечер зела нож и неколку пати го прободел ѕидот. 

-Тоа ме исплаши и морав да повикам полиција. Бев загрижен за својата безбедност – додаде тој. 

Расправијата се случила додека кај нив престојувале уште двајца бегалци од Украина.  

- Направив грешка што влегов во врска со неа. Во тоа време мојата врска со Лорна беше завршена и бев несреќен. Но, тоа не беше вистинската работа за мене, се обидов да и помогнам – рекол тој. 

Тони изјави дека наскоро ќе бара нов дом, а Софија откако раскинале му испратила низа пораки во кои му пишувала дека го сака и го моли да се помират. 

Откако слушнала за раскинувањето, Лорна им кажала на своите пријатели дека знаела дека ќе заврши со катастрофа, но била изненадена што тоа се случило толку брзо. 

Лорна наводно им рекла на пријателите дека „нема да го врати за милион години“, пишува The Sun. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk