Во првото видео на TikTok, кое собра повеќе од шест милиони прегледи, Сузан објасни како се потрудила пред состанокот, се за на крај да остане сама чекајќи во ресторанот.

– Дремнав за да бидам одморена и свежа. Се истуширав. Направив фризура. Изгледав добро. И тогаш седнав во ресторанот, а тој никогаш не се појави. Потоа ми се јави два часа подоцна за да ми каже дека неговиот татко е во болница. Потоа повторно ми се јави да ми каже дека лаже. Потоа ми остави уште пет -шест гласовни пораки “, рече таа.

Таа додаде дека тој потоа станал дефанзивен дури и го довел во прашање нејзиното однесување. Почнал да ја обвинува дека не му одговорила.

@masononthemicThe AUDACITY. #datingstorytime #fyp #comedy #dallas #dallastiktok♬ original sound – Mason (Maseyfaceradio)

– Помина еден час и не ми се јави, што мислам дека не е баш супер. Разговарав со моите пријатели и тие ми рекоа дека веќе требаше да добијам повик од тебе. Знаеш, искрено, почнувам да размислувам за работи и не знам, ако не ми се јавиш во следните 30 минути, извини, но мислам дека ова нема да функционира – рече човекот во една од гласовните пораки.

Сузан призна дека никогаш повеќе не му се јавила и дека неговите гласовни пораки добиле љут тон.

@masononthemicHe stood me up…and he’s upset with ME. 😂😂😂😂 #fyp #KeepItRealMeals #comedy #dallas #dallastiktok #datingstorytime♬ original sound – Mason (Maseyfaceradio)

@masononthemicI’m combusting! 😂😂😂 #fyp #comedy #storytime #datingstorytime #dallas #dallastiktok #dallasradio #dallasradiogirl♬ original sound – Mason (Maseyfaceradio)

– Ти оставив неколку пораки откривајќи го своето срце. Се што барам е повратен повик и можеме да одиме на состанок. Можам да бидам многу добар со тебе. Навистина можам. Јас едноставно не разбирам девојки како тебе. Мислев дека си различна – се слуша во една од пораките.

Кога Сузан ги сподели своите пораки, во следната порака тој и се закани со „тужба“ доколку продолжи да објавува за него. Но, работите станаа збунувачки кога таа добила нова говорна пошта, овој пат од неговата мајка, која наводно ја молела Сузан да му даде уште една шанса на својот син.

@masononthemicThat’s it for tonight! I’ll post the other voicemail from her tomorrow! Thanks for following and listening! I’ll try to post listener calls on Instagram! #fyp #comedy #dallastiktok #crazyvoicemailsfrombradandhismother #dallasradio #dallas

♬ original sound – Mason (Maseyfaceradio)

„Знам дека не треба да ти се јавувам, тоа не е моја работа, но имам тенденција понекогаш да ги исправам работите“, рече мајка му додавајќи дека она што го направил нејзиниот син е погрешно, инсистирајќи дека е добар, љубезен човек кој заслужува уште една шанса. Таа дури и ја покани на вечера за да може самата да се увери во тоа.

Следбениците на Сузан коментираат дека таа добро направила бидејќи не му се јавила никогаш повеќе, пишува The Sun.