logo
logo
logo

Ја фатиле на аеродром, СЕ ШОКИРАЛЕ КОГА ВИДЕЛЕ КАДЕ ЈА ЧУВА ПЕПЕЛТА НА ПОЧИНАТИОТ ДЕЧКО

Vecer | 05.02.2023

Ја фатиле на аеродром, СЕ ШОКИРАЛЕ КОГА ВИДЕЛЕ КАДЕ ЈА ЧУВА ПЕПЕЛТА НА ПОЧИНАТИОТ ДЕЧКО

Австралиска студентка по право беше фатена како поминува низ обезбедувањето на аеродромот со пепелта на нејзиното починато момче по што настанот стана планетарно вирално видео на TikTok.

23-годишната Сара Батон се подготвувала да се качи на лет во Обединетите Арапски Емирати додека ја носела пеплта на „омиленото место“ од нејзиниот покоен дечко кога безбедносните службеници на аеродромот алармирале, дека нешто не е во ред, зборува Сара Бантон.

- Мене и мојот пријател без многу објаснување ме тргнаа на страна, рече таа, и додаде дека била принудена да му се јави на нејзиниот татко за да добие помош од австралиската амбасада.

Сара, чие видео „Тикток“ има милиони прегледи, изјави дека нејзиниот покоен дечко и ја подарил “играчката за возрасни“ пред да почине.

- Намерата првично беше шега бидејќи “играчката“ за самозадоволување минуваше толку многу време на тоа место кое и е омилено. Искрено, тоа е најсмешната работа што сум ја направила, ќе се смеам на тоа до крајот на мојот живот, што е навистина подобро од плачење, откри таа и додаде:

- Ми се допаѓа и тоа што можам да го носам со себе на места каде што само сонувавме да одиме. Но, службениците за безбедност на аеродромот, кои можеби претпоставуваа дека уредот е оружје, не се смееја. Објаснив за што се работи, но еден работник го слушна разговорот, по што дојде до расправија бидејќи ни на машките службеници не им се допадна вулгарноста со која објаснував за што се работи, изјави Сара.

- Еден час подоцна, нивниот претпоставен дојде и не натера да потпишеме супер долг документ и рече дека ќе одиме во затвор ако излеземе надвор од аеродромот.

Таа и нејзината пријателка на крајот биле ослободени од аеродромската полиција, но не е јасно дали и било дозволено да ја понесе играчката за возрасни со себе.

- Беше долг ден, рече таа.

Корисниците на Тикток се смееја на нејзината ситуација.

- И велат дека денес немало  повеќе романтикаа, се шегуваше еден корисник на нејзиното Тик-ток видео.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk