ИЗВЕШТАЈ: “Фејсбук“ - мегдан за кршење на правата на приватност!

И приватниот и јавниот сектор под засилена контрола на Дирекцијата за заштита на лични податоци. Извештајот за работата на дирекцијата во 2017 година, која се смета за клучна за спроведување на прпораките на Прибе е доставен на усвојување во Собранието. Лани, во сите области биле извршени влупно 297 инспекциски надзори, од кои 155 биле редовни, 132 вонредни и 10 контролни инспекциски надзори. Под лупа и судството, односно јавните обвинителни, потоа УБК, МВР. Најголем дел од претставките на граѓаните во делот на кршење на правата на приватност се однесуваат на социјалните мрежи, пред се, на Фејсбук.

Контроли во приватниот и јавниот сектор ..

Неприменување на соодветни технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, незаконска обработка на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор, незаконска обработка на ЕМБГ, несоодветна, нерелевантна и преобемна обработка на личните податоци во корелација со целите на собирање и обработка како и чување на лични податоци подолго од рокот што е потребен за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани. Ова се најчестите и најспецифичните повреди кои влијаеле врз приватноста на граѓаните, нотирани во новиот Извештај за работата на Дирекцијата за заштита на лични податоци , кој веќе е доставен за усвојување во Парламентот.

Лани, биле извршени вкупно 297 инспекциски редовни и вонредни надозори. Од редовните надзори, 79 се извршени во приватниот сектор, 75 во јавниот сектор и еден кај физичко лице – контролор. Од вонредните надзори, 83 се извршени во приватниот сектор, 30 во јавниот сектор и 19 кај физичко лице – контролор. Притоа се донесени вкупно 219 решенија.

"Во извештајниот период, Дирекцијата, согласно своите планови и стратешки цели, во фокусот на своето внимание ги имаше јавните обвинителства во Република Македонија како и контролниот инспекциски надзор во МВР, односно УБК со цел заокружување на процесите кои произлегуваат од Препораките на Прибе. Во овој дел истакнуваме дека (како и кај повеќето контролори), во јавните обвинителства како најслаба алка во сегментот на обработката на личните податоци е констатирана нецелосната примена на техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци со што директно се влијае на немањето доволно безбедност на информациите кои содржат лични податоци, а со кои располагаат обвинителствата' – се наведува во извештајот и се препорачува сите надлежни органи кои се одговорни за состојбите во јавните обвинителства, да преземат потребни мерки со кои ќе се обезбедат неопходните ресурси за целосна имплементација на техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Како позитивно се оценува дека 78,6% од јавните обвинителствата ги овластиле вработените да обработуваат лични податоци, но анализите покажуваат дека ажурирањето на евиденцијата за овластените лица за обработка на личните податоци најчесто се врши пред најавата за вршење на инспекциските надзори.

"Охрабрува фактот дека во однос на порано, 89,3% од вработените во обвинителствата потпишале изјави за доверливост и тајност на личните податоци, што покажува повисоко ниво на свест кога станува збор за личните податоци и нивната обработка. Повеќето обвинителствата (87%) имаат донесено процедура за правото на пристап и исправка на личните податоци." - се наведува во извештајот што треба да го усвојат пратениците во Собранието.

Анализирано по сектори, биле извршени 9 инспекции во здравството, 23 во енергетика, 21 во телекомуникации и пошти, 2 надзори во политички партии, дури 40 кај адвокати, нотари, извршители а 29 во јавно обвинителство.

Преставки поднеле 359 граѓани ...

Ланската 2017 година, според податоците од Дирекцијата за заштита на лични податоци, биле примени вкупно 376 претставки, од нив 359 се поднесени од физички лица, а 17 од правни лица

"Треба да се истакне дека од вкупниот број на претставки 258 се поврзани со социјалните мрежи, при што најкарактеристични се претставките од физички лица 132 кои се однесуваат на лажни профили, понатаму 63 за хакирани профили, како и 18 за објавување на туѓи слики на профили на социјални медиуми. Според социјалната мрежа на која се однесуваат претставките, најголемиот број отпаѓаат Facebook (220), потоа на Instargram (33), а останатите се однесуваат на Skype, Twiter, Pornhub, Youtube. Анализата на состојбите со големиот број на претставки поврзани со социјалните медиуми покажува дека главната причина за ваквите состојби е во немањето доволно свест кај оние кои имаат креирано профил на социјалните мрежи и дека доследно не се применуваат политиките за приватност, односно, граѓаните сѐ уште бегло ги применуваат правилата за користење на своите профили на социјалните мрежи" - објавуваат од дирекцијата и препорачуваат дека ќе биде потребно да се работи на подигање на свеста кај луѓето кои (сакаат да) имаат профил на социјалните медиуми и тоа за начинот на прибирање, однесување и зачувување на податоците содржани на профилите на социјалните медиуми.

Освен за социјалните мрежи, граѓаните поднеле и 11 преставки во образование, 17 за физички лица, 6 престaвки за банки и менувачници, по 5 преставки има во трговија, хотели, ресторани, електронски медиуми, маркетинг, индустрија и транспорт.

Поврзани

Најнови вести

Коментари