Израелски „комарец“ краде податоци и кога компјутерот нема интернет

Израелски научници од Универзитетот Бен Гурион развија нова метода наречена „air-gap“ што овозможува размена на податоци меѓу два неповрзани компјутера преку звучник или слушалки. Со тоа тие докажаа дека  за влез во нечиј компјутер и кражба на податоци не е потребно тој да биде поврзан со интернет.

Во комбинација со малициозен код, можно е да се претворат слушалките во уред за прислушување, но и во уред за испраќање податоци, дури и во случај кога микрофон не е приклучен со компјутер.

Израелските научници успеале преку посебна штетна содржина успеале локално ставени датотеки да ги претворат во аудио снимки и потоа со помош на „air-gap“ и ултразвучни бранови да префрлат на друг компјутер во круг од еден до девет метри. Проектот е наречен Mosquito (комарец).

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари