logo
logo
logo

Изгледал како Кен, СЕГА СО 75 ОПЕРАЦИИ Е БАРБИКА: „Божја волја е да бидам жена“ (ФОТО)

Vecer | 21.09.2021

Изгледал како Кен, СЕГА СО 75 ОПЕРАЦИИ Е БАРБИКА: „Божја волја е да бидам жена“ (ФОТО)

Бројни фанови на славните често сакаат да изгледаат како своите идоли, а тоа најчесто го решаваат со шминка и облека. Но, некои од нив се подготвени да отидат чекор понатаму, па со пластична хирургија до посакуваниот изглед.

Еден од нив е Родриго Алвеш (38), кој направи се за да изгледа како куклата Кен. На големо изненадување на многумина, по повеќе од 75 операции на неговото тело, Родриго стана - Барби, односно Џесика.

- Божја волја е да бидам жена,  рече Родриго, додавајќи дека како дете знаел дека е заробен во машко тело.

- Кога бев мала, сакав кукли и фустани и се чувствував како девојка, но немав поим што значи да се биде трансродна личност. Сега тоа е тема што ја разбирам многу подобро. Потрошив илјадници долари за да имам вештачки стомачни мускули, бицепс ..., но се чувствував пропуштено во машка кожа. Не ми беше судено да бидам маж - рече Родриго, кој во меѓувреме стана Џесика.

Но, оваа трансформација не може да биде лесна, како што на некои им изгледа на прв поглед. Откако се префрлил на хормонска терапија, добил вишок килограми и се појавиле бројни здравствени проблеми.

Меѓутоа, тоа не го спречило да ја продолжи транзицијата, па неодамна започнал друга ризична процедура, а тоа е трансплантација на матка.

- Моите следни постапки ќе бидат корекција на носот и феминизација на гласот. Но, засега, планирам да уживам во последните убави денови и да се грижам за себе и за моето здравје - вели Џесика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk