logo
logo
logo

Вели дека изгледа совршено, а жените и љубоморат ДА НЕ ИМ ГИ ЗЕМЕ МАЖИТЕ (ФОТО)

Vecer | 06.02.2021

Вели дека изгледа совршено, а жените и љубоморат ДА НЕ ИМ ГИ ЗЕМЕ МАЖИТЕ (ФОТО)

Трејси Кис, (33), е горда на својот изглед. Но за да стигне до него таа потрошила 70.000 фунти (повеќе од 78.000 евра).

Сепак таа тоа го мери во популарност затоа што собрала нови 700.000 следбеници на Инстаграм, а еве како стигнала со овој изглед.

- Направив две операции на очите, ринопластика, четири операции на градите, лабијапластика и бразилски лифтинг на задникот“, рече таа и додава дека планира операција на очните капаци во блиска иднина, што ќе ја чини 4600 евра, а по што се надева дека ќе изгледа уште помладо.

На кратко, нејзиниот став е дека „пластиката е фантастична“. Трејси за првпат била „под нож“ за да и ги зголеми градите кога имала само 18 години, а направила други операции откако ги добила своите деца Мили (13) и Габриел (8).

- Успеав да го подмладам моето тело толку многу што понекогаш позајмувам облека од ќерка ми“, открива таа.

Иако Трејси смета дека изгледа одлично, многумина ја осудуваат поради нејзиниот изглед.

- Другите мајки се плашат дека ќе им ги земам нивните сопрузи или  мислат дека глумам. Често слушам коментари од типот: Мајките не треба да се однесуваат како тебе, скриј го своето тело, тоа е одвратно. Јас секогаш ќе бидам своја и ќе си ја работам своја работа, рече таа.

Таа додава дека е успешна мајка и дека тоа што го прави ја прави среќна  и смета дека секој треба да живее така правејќи го тоа што го прави да се чувствува најдобро, затоа што не повредува никого.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk