logo
logo
logo

Италијанско село е светски рекордер според бројот на стогодишници

Vecer | 24.11.2022

Италијанско село е светски рекордер според бројот на стогодишници

Има предроманска црква, централен плоштад и шармантни мали продавници. Ништо особено впечатливо, може да се каже, сè додека не сфатите дека има повеќе стогодишници по глава на жител од кое било друго место во светот.

Дури и еден од плоштадите се вика Пјаца Лонгевита, Плоштад на долговечност. Сега во селото има девет стогодишници меѓу 1.780 жители, што е признато како рекорд во Гинисовата книга.

Најмладата стогодишничка во Пердасдефогу е Анунзијата Стори, која го прослави својот трицифрен роденден во август. Таа вели дека е „здрава како риба“. Енергична и весела, Анунзијата не зема никакви лекови и готви минестроне со домашна фрегула, тесто од Сардинија.

Дали храната е тајната за долговечноста на локалното население? Пјетро Мереу, режисер на документарниот филм The Centenarian Club, вели дека луѓето на истокот на Сардинија имале тежок живот, но со многу помалку стрес отколку денес. Тие го следат ритамот на природата наместо постојано да се грижат за мобилните телефони или електронската пошта.

Антонио Брунду потврдува дека земјоделството таму отсекогаш било главната работа. „Луѓето отсекогаш работеле на свеж воздух“, вели Бурду, кој со 104 години е најстариот во селото. Неговата кожа е сè уште затегната и малку исончана, а само недостатокот на предни заби укажува на неговата возраст.

Салваторе Мура, историчар и општински советник, вели дека неколку фактори можат да ја објаснат долговечноста на локалното население. Едната е генетиката. Покрај тоа, тие јадат храна која се одгледува „на растојание од нула метри“, односно во нивните градини.

Општеството е исто така важно. „До последниот ден тие се опкружени со членовите на семејството. А тоа ги прави физички и психички здрави. Селото на сите заедно го слави стотиот роденден. Нема да има веќе оваа година, но може да има следната.

Келнерот Масимо, кој ги послужува гостите на централниот плоштад, Пјаца Европа, тврди дека за неговиот долг живот е заслужен „едноставниот сардински начин на живот“. „Тука не пијат лекови, се хранат здраво и живеат мирно“. Научниците исто така ќе се обидат да извлечат свои заклучоци за долговечноста на Сардинија.

Универзитетот во Сасари планира да секвенционира 13.000 примероци на ДНК од провинцијата Олигастро, објави неодамна Анса. „Се надеваме дека ќе покажеме дека луѓето во Сардинија живеат добро, а тоа би било и начин да го „рекламираме“ нашиот регион“, вели проректорот Гавино Мариоти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk