logo
logo
logo

Италијанско гратче им нуди 30.000 евра на сите кои сакаат таму да се населат

Vecer | 24.11.2022

Италијанско гратче им нуди 30.000 евра на сите кои сакаат таму да се населат

Прешиче се наоѓа во регионот на Пуља, а новите жители се привлекуваат со ветувањето за компензација до 30.000 евра. Но, ќе имаат и обврски. Имено, тие што ќе ја прифатат понудата мора да ги искористат тие пари за да купат празен имот и да го реновираат. Како и многу градови и села низ Италија, Прешиче има многу напуштени куќи во различни состојби на распаднатост кои градот ги продава за приближно 25.000 евра.

„Има многу празни куќи во историскиот центар изградени пред 1991 година кои би сакале повторно да ги видиме со нови жители. Ќе им понудиме до 30 илјади евра на луѓето кои сакаат да се преселат овде и да купат еден од овие напуштени станови“, рече локалниот советник Алфредо Палезе за Си-Ен-Ен.

„Вкупните средства ќе бидат поделени на два дела: едниот дел ќе оди за купување на старата куќа, а другиот дел за нејзино реновирање ако треба. Срамота е да се види како нашите стари маала полни со историја, прекрасна архитектура и уметноста полека се празнат“, додаде тој. Додека деталите сè уште се пеглаат, планот е проектот да започне во следните неколку недели на веб-страницата на градот.

Прешиче се наоѓа во јужниот дел на регионот Пуља, кој е последен во долгата низа рурални италијански заедници кои се обидуваат да привлечат нови жители со парични стимулации по егзодусот на младите луѓе кои се преселуваат во потрага по работа.

Правилата варираат од град до град, но вообичаено, потенцијалните апликанти мора да се обврзат да платат за реновирање и завршување на домот во одредена временска рамка, честопати три години, и да го користат како нивно примарно живеалиште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk