logo
logo
logo

Дали сте слушнале за ИТАЛИЈАНСКИОТ ЛАС ВЕГАС, кој сега личи на ПРИПЈАТ (фото+видео)

Vecer | 26.02.2021

Дали сте слушнале за ИТАЛИЈАНСКИОТ ЛАС ВЕГАС, кој сега личи на ПРИПЈАТ (фото+видео)

Можеби во секоја земја постои област која е малку заборавена или покриена со прашина, но сепак е привлечна, особено за авантуристи. Во Италија, такво место е напуштениот град Сита деи Балочи, кој некои го нарекуваат и италијанскиот Лас Вегас

Ако сте љубител на Италија, дефинитивно сте посетиле многу градови од оваа прекрасна земја. Но, дали веќе сте го виделе волшебното и истовремено распаѓање на Сита деи Балочи - градот на играчките?

Некогаш ги привлекувал посетителите со својата необична архитектура, шопинг галерии или дури  има и лажен замок. Градот е создаден од ексцентричниот бизнисмен, грофот Марио Бањо.

Овој град-дух со луда архитектура привлекува многу туристи со својата навистина интересна, ексцентрична архитектура. Тој е еден од ретките градови на духови што ќе ги најдете во Италија, а се наоѓа на околу 80 минути од Милано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriano Busnelli (@busne87)

Но, иако го добил епитетот италијанскиот Лас Вегас, сега повеќе наликува на Припјат кај Чернобил, зградите на ексцентрично лудило се распаѓаат и полека се покриваат со дрвја и зеленило.

Грофот Марио Бањо кој го изградил ова место учествувал во изградбата на многу италијански патишта и аеродроми, но во 1960-тите решил да го искористи економскиот бум и да го создаде Лас Вегас во Италија.

Тој го избрал мирниот рурален град Консоно, го купил и ги принудил жителите да се иселат. Тој ги уништил сите згради освен црквата, гробиштата и парохискиот дом.

Некои жители го напуштиле градот засекогаш во 1965 година, но други останале да работат Бањо решил да ја израмни падината во градот, користејќи булдожери и динамит, што предизвикало свлечишта коишто го одложиле големото отворање.

Сепак, првата етапа е завршена во 1968 година и местото ги пречекува првите гости, иако не било сè совршено завршено.

Бањо постојано ги менувал своите планови. Имало арапски лакови, кула со минаре, комплексни фонтани и кинески пагоди. Планот исто така вклучувал тениски игралишта, тркачка патека за автомобили, фудбалско игралиште, мала зоолошка градина, куглана, забавен парк, египетска сфинга и многу повеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Il Fabri 🤠 (@fabryrotta)

Во октомври 1976 година, сепак, друг одрон го уништил главниот пристапен пат. Штетата била огромна, па грофот одлучил да се откаже од планот за заработка на локалниот туризам и одлучил да создаде дом за пензионери.

Во осумдесеттите години, тој планирал да го модернизира и реновира поранешниот Гранд хотел за стари лица, но починал во октомври 1995 година и развојот никогаш не се остварил.

Италијанскиот Лас Вегас едноставно е напуштен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk