logo
logo
logo

Истражување на ОН: Три четвртини од светското население поседува мобилен телефон

Vecer | 30.11.2022

Истражување на ОН: Три четвртини од светското население поседува мобилен телефон

Речиси три четвртини од луѓето постари од десет години во светот поседуваат мобилен телефон со пристап до Интернет, но речиси една третина немаат пристап до него, објави денеска Меѓународната унија за телекомуникации (УИТ) во својот годишен извештај за постигнатото поврзување.

„Мобилните телефони се најчестиот начин за пристап до Интернет, па затоа процентот на луѓе кои поседуваат служи како показател“ за неговата достапност, се наведува во извештајот на оваа агенција на Обединетите нации. Сепак, не сите сопственици на мобилни телефони имаат пристап до мрежата, особено во земјите со ниски приходи каде што широкопојасен интернет често е премногу скап.

Според податоците на УИТ, 95 отсто од луѓето во богатите земји имаат мобилен телефон, додека 49 отсто во посиромашните земји.

Пристапот до Интернет се зголемува, но не доволно брзо, по скокот за време на пандемијата на Ковид-19 и ограничувањата што принудија стотици милиони луѓе да работат или да студираат онлајн.

Се проценува дека 5,3 милијарди луѓе, или 66 отсто од светската популација, денес користат интернеt. Речиси сите оние кои не се поврзани се во најсиромашните земји. Овој процент постојано се зголемува во последниве години по силниот подем во 2020 година, рече главниот економист на УТИ Тиери Гајгер.

Сепак, има уште многу да се помине бидејќи „премногу луѓе сè уште живеат во дигиталниот мрак“, рече Дорин Богдан-Мартин, која ќе стане првата жена на чело на агенцијата на почетокот на 2023 година.

– Пристапот до Интернет расте, но не толку брзо и рамномерно низ светот како што треба, додаде таа. Цената е сè уште превисока за многу потрошувачи во земјите со ниски приходи каде мобилниот интернет чини околу девет отсто од просечниот приход.

Ова е далеку повисоко од процентот што се плаќа во богатите земји за слични услуги, предупреди УТИ, повикувајќи ги сите земји да обезбедат достапен широкопојасен пристап.

– Треба да го одржиме пристапот до Интернет дури и кога глобалната рецесија ги погодува економските перспективи на многу земји, истакна шефот на УТИ во заминување, Хулин Жао.

Гајгер истакнува дека додека цената на поврзувањето продолжува да паѓа, зголемените трошоци за основните потреби може да принудат многу луѓе да останат офлајн. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk