Истражување: Глобален пад на плодност кај жените во светот

Забележан е значителен глобален пад во бројот на родени деца, велат истражувачите. Нивниот извештај покажува дека падот на стапката на плодност, значи дека речиси половина од земјите сега се соочуваат со проблемот дека нема доволно деца за да ја задржат својата популација.

Според истражувачите наодите биле големо изненадување.

Како што велат, во тие земји ќе има длабоки последици за општествата, односно ќе има повеќе баби и дедовци од внуци.

Студијата, објавена во „Лансет“, ги следи трендовите во секоја земја од 1950 до 2017 година. Во 1950 година, жените имале просечно 4,7 деца во својот живот. Стапката на фертилитет се намали на 2,4 деца по жена минатата година. Но, тоа ги маскира големите варијации меѓу нациите.

Стапката на фертилитет во Нигер, западна Африка, е 7.1, но на медитеранскиот остров Кипар жените во просек раѓаат по едно дете.

Експертите предупердуваат дека кога просечната плодност ќе опадне под просекот од 2,1, тогаш популацијата ќе почне да се намалува. Оваа појава е значително висока во земји каде има висока смртност на новороденчиња.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари