ИСТРАЖУВАЊЕ: Еве како стресот влијае врз нашето здравје

Стресот стана наша "сенка" во секојдневното функционирање, и малкумина сме свесни какви се последици може да предизвика.

Дури и најмалиот стрес во текот на денот може подоцна да влијае врз здравјето, покажуваат најновите истражувања.

Еден од ризични фактори кој создава здравствени проблеми е стресот, и како последица на него се јавува депересија, анкциозност, отсутност, заборавање, паѓање на коса, кардиоваскуларни заболувања и хронични болки, кои се подложни на стресот

Се претпоставува дека стресот доведува до сериозни болести кои се предизвикани од битни случувања кај поединецот како што раскинувања, откази или опрации. Меѓутоа новото истражување покажало дека и најмал стрес може да остави последици на здравјето доклолку дозволиме интензитетот на стресот да продолжи и следниот ден.

"Нашето испитување покажа дека и најмала негативна емоција влијае на нашето здравје", наведува водачот на студијата Кејт Ледџер.

Од испитаниците побарал за време од осум дена да запишуваат секој пат кога ќе ги обземат негативни емоции, како што е нервоза, безнадежност, осаменост, став, раздразливост, срам, вознемиреност, лутина, фрустрација, немир и напнатост. Освен тоа, барано е да објаснат што ги предизвикало за секоја од тие емоции.

После десет години истражување учесниците се испитувани со намера да се дозна дали во меѓувреме се развила некоја од хроничните болести или имаат здравствени проблеми кои им сметаат во секојдневниот живот.
Резултатите покажале дека личности кои неможеле да се ослободат дневниот стрес, кој се пренесувал во слдниот ден, имале повеќе здравствени проблеми вклучувајќи ги и хроничните болести.

- Многу луѓе кога разамислуваат за причините поради кои се под стрес, мислат на големи непријатни случувања како што е смрт на сакана личност. Меѓутоа резултатите покажале дека не е станува само за важни моменти, туку и за секојдневниот стрес кој влијае на нашето здравје и има далекосежни последици кои веќе ги наведовме, објаснува Ледџер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари