logo
logo
logo

Француска Студија

Истражувачите утврдиле за колку време се враќа чувството за мирис по прележан Ковид -19

Vecer | 25.06.2021

Истражувачите утврдиле за колку време се враќа чувството за мирис по прележан Ковид -19

Лицата кои го изгубиле чувството за мирис поради Ковид-19 може да очекуваат да им се врати во рок од неколку месеци, покажува француско истражување.

Кај 49 од 51 субјект, сетилото за мирис се вратило во рок од осум месеци, но две лица сепак имале мирисни проблеми и по една година.

Истражувачите го опишаа ова како одлична прогноза.

Студијата ја водеше Марион Рено од Универзитетската клиника во Стразбур и ја објави Jama Open Network. во четвртокот.

Истражувачкиот тим открил дека сетилото за мирис целосно се вратило кај околу 84 проценти од учесниците по само четири месеци.

По 12 месеци, 96 проценти од испитаниците ја повратија.

Сите учесници првично го изгубија сетилото за мирис повеќе од седум дена

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk