logo
logo
logo

ИСПОВЕД: Во брак сме 20 години, а тој 15 години има друга жена - во шок сум и не знам што да правам!

Vecer | 19.09.2021

ИСПОВЕД: Во брак сме 20 години, а тој 15 години има друга жена - во шок сум и не знам што да правам!

Неверството во брак или врска сериозно ги нарушува односите помеѓу партнерите и е една од најчестите причини за равод. Аферата најчесто го прави измамениот да се чуствува предадено, осамено и збунето. A поради овие причини, една жена решила да и се пожали на јавноста, но и да побара советот од експерт за љубовни односи.

-Мојот сопруг и јас сме во брак 20 години. Тој секогаш работеше многу и често беше отсутен но јас се навикнав да се забавувам со нашите две деца. Но, неодамна еден од поранешните колеги на мојот сопруг ми откри дека тој има паралелна врска со друга девојка цели 15 години, односно речиси цел наш брак, напишала очајната жена која побарала советот од експертот Колин Нолан.

Таа и додала дека повеќе не можела да ги толерира лагите на сопругот и сакала да дознае што точно и се случува позади грб. Вели и дека се чувствува засрамено бидејќи во ниту еден момент не ги забележала знаците на неверство, меѓутоа кога почнала да бара докази открила пораки и разговори кои не биле избришани од телефонот на нејзиниот сопруг.

-Кога се соочив со него тој сфати дека повеќе не може да ме лаже. Ми кажа дека ќе се обиде да ја остави таа жена и дека ќе се искупи за сите негови грешки. Не знам што да правам! Не сум работела со години и се плашам дека ќе го уништам нашето семејство. Не можам да верувам дека целиот наш брак бил една обична лага, напишала таа.

Набрзо потоа стигнал и одговор од експертот Колин.

-Превземете ја контролата врз својот живот во свои раце – убеден сум дека овој чекор ќе направи да се чувствувате многу подобро. Кога ќе поминете долги години во брак, застрашувачка е идејата да останете сами – но доколку одлучите да го напуштите вашиот сопруг, нема да бидете сами. Ќе ја имате поддршката од вашите деца, семејство и пријатели. Ве разбирам дека се чувствувате навино, но грешката е негова, а не ваша, напишал Колин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk