logo
logo
logo

Исповед на жена која во 23та недела ја прекинала бременоста: Ти, која го читаш ова сакам да ти кажам нешто...

Vecer | 12.04.2021

Исповед на жена која во 23та недела ја прекинала бременоста: Ти, која го читаш ова сакам да ти кажам нешто...

-Ми се јавија од болница да дојдам на итен преглед и тоа на абдоминална магнетна резонанца кој ќе трае околу еден час. Поради пандемијата ќе морам да влезам сама. Ова можеби е најтешкиот ден во животот за мене и мојот сопруг. Чекавме во една просторија во која бевме сами. Си помислив барем ќе можеме да плачеме во мир и тишина. Знаев дека нешто не е во ред, вака Кели Пери ја започнува својата исповед за “Hafpost”.

Кели била во 23та недела од својата бременост кога целиот нејзин свет се срушил.

-По кратко чекање се најдов во голема метална цевка која испушташе толку силна бучава која беше слична на оние бучави од градилиштата. Во позадина одеше филм кој би требало да ми го одземе вниманието. Болничарот ми кажа дека е потребно да сум мирна и да не мрдам се со цел да го изврши снимањето. Си велам – можеби ако лежам мирно и не мрдам ќе може да го види делот од мозокот на бебето за кој велат дека недостасува. Можеби ако сум доволно мирна ќе ми кажат дека направиле грешка и дека моето бебе е здраво и живо. Но за жал не беше така, продолжува Кели.

Остатокот од нејзиниот ден бил исполнет со контроли, скенери, темни простории со светли екрани. На Кели и било сооштено дека нешто не е во ред со бебето, но дека мора да ги почека сите анализи за да се утврди точната дијагноза.

-Конечно не повикаа во една конференциска сала каде сите беа седнати на дистанца од 2 метра. Тим доктори и специјалисти кои ни објаснија што знаат и што предвидуваат дека ќе се случи. Недостасува структура на мозокот, Доживотно оштетување, 70 отсто шанси за едно, 45 отсто за друго, Едноставно не сме сигурни....ова беа нивните зборови. Со солзи во очите неколку пати ги прашав што е следно, што да правам – но неколку минути подоцна сфатив дека никој од нив нема да ми даде одговор на моето прашање. Одлуката треба да е моја и на мојот сопруг, додава таа.

Откако им ја виделе конфузијата и вознемиреноста на лицата на Кели и нејзиниот сопруг, еден од специјалистите ги прашал дали сакаат со сопругот да останат сами при тоа објаснувајќи им ја постапката за абортус и што можат да очекуваат.

-Ни даде совети и што кога би ја продолжила бремноста но и што ако ја прекинам. Ни кажа да размислиме и да донесеме одлука. Штом ќе ја донесеме таа ќе биде конечна и никогаш повеќе да не се враќаме на неа. Да не се обидуваме да разговараме за минатото, туку секогаш да гледаме напред. Така и направивме, вели Пери.

Следниот ден Кели се нашла во друга болница која била преполна со луѓе кои говореле за корона вирусот.

-По неколку минути ме повикаа да влезам во една сала. Ме седнаа на стол и единствено што можам да видам е џиновската игла. Со таа игла престана да чука срцето на моето бебе. Во тој момент сфативме дека ова е најтешкиот ден во нашите животи, додава таа.

Кели открива дека по интервенцијата поминала два дена во болница, а медицинскиот персонал бил неверојатен. Таа и додава дека никогаш нема да ги заборави разбирањето и сочувството кое тие и го дале во тие два дена.

-Помина речиси пола година, а јас оттогаш живеам со одлуката која ја донесовме. Одлука која ми донесе неизмерна тага и поради која постојано плачам. Но верувам дека ја донесовме вистинската одлука. Не му посакувам на никого живот полн со страдања, живот кој нема да може да се живее нормално, вели Кели.

За крај, Кели им испрати порака на сите жени кои се во иста или слична ситуација како нејзината.

-На жените кои го читаат ова а кои поминуваат низ истата судбина како мојата сакам да им порачам дека сум со нив и дека ги поддржувам. Не постои вистински одговор и знам дека животот не е фер кон нас. Но, сакам да знаете дека еден ден ќе се разбудите и нема повеќе да се гушите. Нападите ќе бидат помали а ќе добиете и сила која не сте знаеле дека сте ја имале, завршува таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk