Исповед на проститутка: Договорила секс, дошле тројца и започнал пеколот...

Иако проституцијата во повеќето земји во светот е забранета, очигледно е дека на овој „најстар занает во светот" никој не може да му стави крај. Иако не ги гледаме често на улиците и ретко се зборува за тоа, проституцијата во последно време стана голем проблем во светот. Состаноците се договараат преку телефон или преку посредник (макро) кој добива поголем дел од заработката на девојката.

Поради големата криза и финансиските проблеми се' повеќе девојки и жени се одлучуваат на ваков потег од очај. Многу од нив имаат семејство што треба да го хранат и работат повеќе работи.

Голем дел од девојките кои влегуваат во тој свет имаат во план да останат во „бизнисот" некое кратко време, но тоа речиси никогаш не се случува. Обично остануваат многу подолго, се губат во тој свет, се чувствуваат должни на макрото кој обично ги држи во рака. Директорката на НВО Црногорското женско лоби одлучила да сподели со светот неколку шокантни приказни.

„Мамецот за влез во тој суров свет обично е работата на го-го танчерка или келнерка", објасни директорката на НВО Црногорското женско лоби Аида Петровиќ, пренесува Блиц.рс.

„Имавме случка од една девојка која стопирала и била запрена од некој човек со кој договорила сексуална услуга за 20 евра. Подоцна на патот во автомобилот им се придружиле уште двајца мажи и и' рекле дека ќе и' дадат 50 евра доколку спие со сите тројца. Кога се согласила ја однеле во некој стан и ја силувале. Потоа ја претепале, ја однеле во некоја шума блиску Подгорица и ја врзале за дрво. Кога утрото се разбудила и дошла при свест, не' побара нас и бараше да и' помогнеме. Тогаш ни раскажа дека и' ги зеле и парите што и' ги дале порано таа ноќ", раскажа Петровиќ.

Девојките кои ги раскажале нивните потресни приказни рекле дека некои клиенти се толку настрани, што морале да трпат работи како гасење на цигари од нивното тело, прекривање со храна, а една девојка раскажала дека некој дури и' одгризал дел од телото.

„Не станува збор за луѓе кои во општеството се познати како манијаци или психопати. Најчесто тоа се угледни личности со добра работа и семејство, а плаќаат за да се изживуваат врз некој. Проститутките ретко говорат за своите клиенти и никогаш не кажуваат кои се и што работат иако најчесто го знаат тоа", вели Петровиќ.

Петровиќ вели дека на Црногорското приморје моментално има над сто проститутки кои се кријат под изговор дека работат нешто друго. „Проблемот е во тоа што тие не знаат каде се наоѓаат. Обично се пијани и под дејство на наркотици, па не знаат во кој град се, а некогаш ни со кого се."

Поврзани

Најнови вести

Коментари