Исповед на Марина Туцаковиќ: Како го преживеав ракот, што јадев и пиев... но нив не ги оставив!

После едена година борба со тешка болест нејзе оптимизмот не ја напушти. Иако по поставената дијагноза многумина ја отпишуваа, Марина ја победи и сега се враќа на работа. Авторка на најголемите хитови на Блканот повторно пишува песни за Цеца, и не ја обесхрабрува тоа што се движи во количка и користи боца со кислород како би имала доволно воздух.

- Сега сум добра, секако не тоа нешто сјајно, но ќе биде се како што треба, јас, како што велат, поминав низ пеколот, а дали е завршен, тоа допрва ќе видеме – вели Марина која на снагата и желбата искрено се одушевува од некои обични жени кои ги запознала во болница:

- Лежев на онкологија и таму видов жени кои беа во стопати поголем пекол во кои поминуваат со години. Доаѓаат на онкологија, се лекуваат, и болеста повторно им се враќа. потоа се од почеток. Тие жени се царици! Јас допрва треба да се докажам на тој пат. Моја порака е, важно е да се слушаат лекарите. Јас не пробав никаков вид алтернативна медицина за лечење. Единствено јадев цвекло, грицкав чувар куќа, пиев чај од коприва, и некои тревки за подобра крвна слика. Целосно ги променив животните навики, но цигарите не ги оставив. Не ги сакав оние електронски цигари, не ми се допаѓаше мирисот.

Инаку, Марина ќе мора повторно во германскиот град Улм за да ја прими новата доза на експериментална вакцина.

- Сега немам терапија, одам само на контроли и пијам секој ден еден лек. Во ноември треба да примам имуно вакцина, која се дава во Германија, а на пат ќе ме придружува сопругот Фута или синот Лача. Секоја им чест што издржаа со мене и што се постојано со мене. На сите ни беше многу тешко. Покрај семејството, тука беа пријателите, но и естрадата. Постојано со мене беа Цеца, Северина, Јелена, Јоксимовиќ, Тончи, Чола Самарџиќ... На сите сум им многу благодарна. Јас сум човек кој ги сакам сите, и верувам дека цела таа љубов ми е возвратена. Морам да ви признаам дека иако сега ми е многу подобро и понатаму се движам со количка и земам кислород кога ќе се заморам. Кислород земаат и здрави луѓе – вели Марина која се вратила на работа и повторно пишува песни за најголемите ѕвезди.

- Едвај чекав да почнам со работа. Само да има здравје и се ќе биде како што треба.Сега добро се чуствувам и почнав да пишувам но ментално барам вистинска песна за Цеца. Тука е Милица Павловиќ, Јелена Карлеуша... Секако, Цеца не ми замери што работам со Јеца, а таа не ми забележува што работам со Цеца. Никогаш со ниедна не разговарав за тој нивни конфликт и помирување, тоа е нивна работа и јас во тоа не се мешам. Никогаш не се озборуваат едена со друга, на таа тема никогаш не разговараме, имаме ние и други теми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари