logo
logo
logo

Исповед на еден маж

Vecer | 17.05.2022

Исповед на еден маж

Александар од Белград (32) се пожалил дека паѓа во искушение да побара авантура надвор од брачниот кревет, од едноставна причина што на сопругата со текот на времето му здосадила во кревет.

Иако на почетокот нивниот брак ветувал, со тек на време, сè станало рутина. Нивните сексуални односи се проретчиле, а неговата сопруга одбивала да носи секси долна облека.

Многу парови не се компатибилни кога е сексот во прашање, а со тек на време разликите во начинот и интензитетот на водење љубов може да станат многу очигледни.

Стручњаците советуваат дека е потребно парот секогаш отворено да зборува за сè. Нема табу теми. Ако има проблем, има и решение. Паровите свесно влегуваат во љубовни и сексуални односи, како и во брачна заедница, па сите наредни одлуки исто така треба да се решаваат свесно и во меѓусебен договор.

На пример, ако на овој маж му значи неговата сопруга барем повремено да носи убава, секси долна облека и да е расположена за интимно дружење со него, одење на романтична вечера, кратко патување или едноставно гледање љубовни филмови со свеќи и вино, тоа би можело да стане совршена увертира за такво нешто.

Секогаш работете на вашата љубов и не препуштајте ѝ се на монотонијата која животот нужно ја носи со себе.

Докажано е дека бакнежите и сексот го продолжуваат животот и нè прават поздрави, а има ли нешто поубаво во споделувањето интимни моменти со некој што го сакате?

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk