logo
logo
logo

Исчезна Британка по цунамито на Тонга, заедно со нејзините кучиња

Vecer | 17.01.2022

Исчезна Британка по цунамито на Тонга, заедно со нејзините кучиња

Тие велат дека Анџела и Џејмс Гловер биле погодени од бранови од 1,2 метри, а само Џејмс успеал да се задржи на цврста подлога. Спасувачите ја продолжуваат потрагата по Анџела (50), која наводно брановите ја однеле заедно со нејзините кучиња.

Анџела Гловер е родена во Брајтон и водела салон за тетовирање и центар за спасување животни во главниот град на Тонга Нукуалофи. Нејзиниот брат Ник Елеини потврдил за Би-Би-Си дека спасувачите се уште не ја пронашле.

Анџела претходно работела во рекламната индустрија во Лондон и се преселила во Тонга околу 2015 година. Медиумите објавиле дека работела како потпретседател на Тонганското друштво за заштита на животните, кое е основано во 2020 година за да обезбеди основна нега на животните во областа без ветеринар.

Подводниоот вулкан во водите на Тонганските острови еруптира во саботата, па беше издадено предупредување за цунами за неколку островски држави во јужниот дел на Тихиот Океан, особено за Тонга и Американска Самоа, а брановите стигнале и до Јапонија. Издадено е предупредување за цунами и за западниот брег на САД и за Чиле, а Хаваите ги погодија „мали поплави“.

Комуникациите со Тонга беа прекинати до вчера навечер. Од вулканот висок 20 километри во петокот почнале да бликаат пареа, гас и пепел. Погодената област е со дијаметар од 260 километри. Социјалните мрежи биле преплавени со фотографии од брановите кои го обвиткуваат брегот и куќите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk