48-годишната Гвинет Ли јавно се декларираше како сериска прељубница.

Оваа британска вдовица во последните 10 години била со повеќе од 130 мажи, а досега неколку пати беше во фокусот на светскиот печат, пред сè затоа што отворено и без двоумење зборуваше за својот сексуален живот и навиката да спие со оженети или зафатени мажи.

Меѓутоа, како што Ковид-19 воведе нови правила во нашите животи, така и Гвинет воведе некои новини во нејзиниот љубовен живот. Таа од сите свои љубовници бара негативен тест за ковид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GwenethLee (@gweneth_lee)

„Мажите кои се досадуваат очајно сакаат да се разонодат, а сега кога сме скоро сите вакцинирани, се*сот е безбеден. Помина повеќе од една година,  сексуалната фрустрација се акумулираше кај мажите, а во последните неколку недели, откако мерките беа олеснети, дојде до експлозија од „работа“. Животот е премногу краток за да се заглави човек во здодевна врска што трае 40 години или повеќе“ – рече Гвинет, како што пренесува британски „Сан“.

Во моментов Гвинет е во врска со тројца оженети и богати мажи. Таа откри дека еден од нив е сопственик на хотел и дека му е досадно дома со сопругата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GwenethLee (@gweneth_lee)

„Се*сот ни е „електричен“, ние водиме љубов цела ноќ и уживаме во шампањ, остриги и јагоди – рече таа.

Таа исто така раскажа како сака да прима подароци од своите љубовници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GwenethLee (@gweneth_lee)

Има многу подароци. Добивам накит, облека, уметнички слики … Не барам ништо од тоа, само го прават тоа затоа што ме сакаат. Јас сум различен тип на жена. Јас сум меѓународна деловна жена, многу од нив имаат жени кои се мајки и остануваат дома – рече таа.

Инаку. Гвинет започна да се „забавува“ со оженети мажи во 2008 година кога нејзиниот сопруг почина, а наскоро после тоа реши да направи кариера од тоа.