logo
logo
logo

ИНТЕРВЈУ СО СОЦИОПАТ: Бев на 10 психијатри и повторно завршувам во кревет со друг маж!

Vecer | 25.05.2021

ИНТЕРВЈУ СО СОЦИОПАТ: Бев на 10 психијатри и повторно завршувам во кревет со друг маж!

Каника Батра, финалистка на изборот на Мис на Австралија на својот Јутуб канал сподели емотивна приказна за асоцијално нарушување на личноста.

Нејзиното видео кое е насловено "Интервју со социопат" привлече огромно внимание кај јавноста.

Во него, таа тврди дека нејзиното ментално здравје било под мониторинг на десетина психијатри кои заклучиле дека таа има "асоцијална и нарцисоидна личност". Симптомите за ваквото нарушување се недостаток на емпатија, занемерување на другите и склоност кон лаги и манипулација, пишува The Sun.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kanika Batra (@kanikabatra)

Имено, Каника тврди дека и е многу тешко да биде морално добра личност, односно дека и е многу полесно да биде неверна но и дека никогаш не чувствува вина и срам за своите постапки. Таа во моментов е верена за нејзиното момче Сем, иако признава дека досега ги изневерувала речиси сите нејзини дечковци.

-Воопшто не се осеќав виновна. Не дојдов дома и не се превртував во кревет ноќе заради тоа што бев неверна. Мене ми е многу лесно да го исклучам тој дел од мозокот, вели таа.

Каника и отворено признава дека често им ја покажува својата злобна страна на луѓето и дека често ги повредува најблиските. Додава и дека е "злопамтило". Иако ваквиот однос за неa не преставува проблем, сепак таа се обидува да не ја повтори истата грешка.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=NLfgNnGrkQU&feature=emb_title[/embed]

-Задоволна сум со мојот живот но мислам дека не чувствувам среќа на ист начин како обичните луѓе, додава таа.

Опсесивна љубов

Иако се труди да биде секогаш искрена со мажите, таа не им ја открива својата дијагноза додека не ги осети за доволно блиски. Таа и открива дека поради нејзината состојба често ги бомбардира мажите со љубов, внимание и приврзаност.

-Не знам да се контролирам и оттаму постојано им пишувам или им ѕвонам. Сакам да откријам се за нив односно да бидам постојано со нив. На тој начин и дознавам каква би ни била врската во иднина, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kanika Batra (@kanikabatra)

Каника признава дека не сака да стане мајка се додека не направи комплетна терапија и не биде сигурна дека може да биде со своите деца и физички, и емоционално и финансиски.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 110 илјади пати а илјадни корисници на Јутуб и упатија пофални зборови поради нејзината брутална искреност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk