logo
logo
logo

Долгоочекуваното интервју со Хари и Меган ОТКРИВА ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ (ВИДЕО)

Vecer | 01.03.2021

Долгоочекуваното интервју со Хари и Меган ОТКРИВА ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ (ВИДЕО)

Долгоочекуваното интервју на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри конечно ќе го види светлото на денот, а објавен е и првиот трејлер, од кој може да се види дека веднаш станува јасно дека ниту една тема не е забранета.

Во краткото видео, Опра директно ја прашува Меган дали има „пресвртна точка“ што довела до повлекување на двојката од кралското семејство во јануари 2020 година. Иако одговорот на Меган не е прикажан, во друг исечок Хари вели дека најголема мака му  е што „историјата не се повторува“ мислејќи на неговата покојна мајка, принцезата Дијана, чии конфликти со кралското семејство честопати беа објавувани во јавноста.

Хари и Меган се прикажани како се држат за раце додека Хари вели дека е среќен што ја има поддршката на Меган, имајќи предвид дека неговата мајка ги минала сите борби самата.

„Знаете, навистина ми олесна и среќен сум што седам тука и разговарам со вас и со мојата сопруга, бидејќи не можам да замислам како и беше на мајка ми кога требаше да го помине целиот овој процес самостојно , пред многу години. Неверојатно ни е тешко, но барем се имаме “, рече Хари.

„Рековте некои шокантни работи“, рече Опра најавувајќи интервју со шокантни информации за кралското семејство.

[embed]https://youtu.be/y7LJrh5UTr4[/embed]

Премиерата ќе се емитува на 7 март. Меган и Хари ќе разговараат за нивната одлука да го напуштат кралското семејство, нивниот брак, филантропските потфати и начинот на кој тие управуваат во животот под силен притисок на јавноста.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=MhbRw04ZBx8[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk