logo
logo
logo

ИСТРАЖУВАЊЕ

Имунитетот по прележана корона варира од личност до личност

Vecer | 03.04.2021

Имунитетот по прележана корона варира од личност до личност

Должината на имунитетот по прележувањето на корона вирусот може да варира од личност до личност, сугерира една нова студија направена од страна на група научници од Сингапур. Според нив, антителата и имунитетот базиран на Т-клетки може да траат со години.

Тимот составен од научници од медицинското училиште во Сингапур вели дека нивните откритија обезбедуваат докази дека е можно некои претходно заразени пациенти со корона вирус повторно да се инфицираат за време на следните бранови или со мутирани варијанти на вирусот.

Тимот проучувал 164 пациенти во Сингапур во период од шест до девет месеци.

Најмалку една третина од учесниците немале промени во нивото на антитела по најмалку шест месеци, а некои дури имале и зголемување, што укажува на тоа дека нивниот имунитет може да трае со години, смета истражувачкиот тим.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk