logo
logo
logo

Имав 6 години кога мајка ми МЕ ПРОДАДЕ НА АРИСТОКРАТИ, а потоа...

Vecer | 30.01.2023

Имав 6 години кога мајка ми МЕ ПРОДАДЕ НА АРИСТОКРАТИ, а потоа...

Денес, Белгијката Анеке Лукас е мирна 59-годишна девојка и никој не би се ни посомневал дека нејзината нежна, мирна внатрешност крие драматична и трауматична животна приказна, достојна за морничав, напнат трилер. Во неколку наврати, Анеке јавно ја обелодени својата приказна за тоа како како мала, па и како девојче завршила во синџирот на проституција и бело ропство!

Анеке имала само шест години кога, во 1969-та година, нејзината мајка ја продала на белгиски педофилски синџир во сопственост на аристократи и високи моќници во Белгија, во кој момчиња и девојчиња биле силувани, мачени и убивани.

„Многу, многу, многу пати сум силувана, но немам лузни за да го докажам тоа. Тоа обично се случуваше навечер и за време на викендите, па пресметав дека ме силуваа околу шест часа неделно, па повеќе отколку 1.700 часа пред мојот 12-ти роденден“, се присети оваа жена која најранливите години од своето детство ги помина практично како сексуална робинка на елитата.

„Првпат ме однесе во тој синџир жена која работеше како чистачка на мајка ми. Имав шест години и се грижеа за мене во текот на викендот, а нејзиниот сопруг ме одведе директно во рацете на педофилите. Подоцна, мајка ми почна да ме носи во таа прилика. Мајка ми никогаш не беше мајка, таа беше многу болна жена и психопат“, изјави Анеке.

Некаде околу нејзиниот шести роденден, таа беше принудена на првата оргија во белгиски замок. Според сопственото сведочење, таа била користена како дел од сет во садо-мазо претстава, а на сцената била окована со метален ѓердан околу вратот.

„Потоа останав да лежам како скршен предмет, бев толку понижена. Возрасните мажи кои беа дел од рингот беа таму од различни причини. Имаше многу алкохол и дрога. Децата беа стоки, најценета роба, а служеа за секс“, вели 59-годишната жена и тврди дека секое дете што ќе помислело или ќе кажело дека ќе контактира со полицијата едноставно „ќе исчезнело“.

„Секогаш постоеше закана дека ќе ме убијат. Момчињата беа почесто мачени, а девојчињата беа убивани. Убиствата не беа секогаш вршени во тајност и се сеќавам дека еднаш дури и видов тело“, сведочеше таа.

Анеке мораше да оди на училиште во текот на неделата, како ништо да не се случува. Вели дека била срамежлива, со многу малку другари на училиште, а дома никој не се грижел за неа. „Кога ќе се вратев од училиште, мајка ми се однесуваше како ништо да не се случило, па го прифатив нејзиното негирање и постојано си велев дека сум нормална. Беше срамно, но одбив да се соочам со она што ми се случува. Немаше учител на кој би можела да му се доверам. Ми се закануваа во синџирот и не видов излез од ситуацијата“, истакна Лукас.

За Анеке ситуацијата уште повеќе се влошила кога стана миленичка на лидерите во овој синџир. Таа била наменета само за ВИП клиенти, но исто така обучена да биде некој вид шпион.

„Се истакнав во тој синџир. Моќните луѓе ме гледаа како најсовршениот, најсензуалниот објект. Ова беше единственото позитивно искуство за мене како дете во тој момент и морав да се држам за него како спас за да не се удавам во морето на срам и одбивност кон себе“, рече таа.

Кога Анеке имала 11 години, откако поминала пет и пол години во најразвратниот свет на блуд и неморал, моќта одлучила дека таа „веќе не е корисна“ и дека ќе биде убиена. Неколку часа ја мачеле, поради што сè уште има лузни по целото тело. Работата да биде уште полоша - ја повредиле други деца кои на тоа биле принудени од возрасните.

Ја спасил белгиски гангстер - склучил договор со висок белгиски политичар, кој бил член на мрежата, да работи за нив во замена Анеке да биде поштедена. Денес, оваа 59-годишна жена се присетува на „лекциите“ кои тогаш ѝ ги дал тој гангстер - никогаш да не стане проститутка, да не спие со никого од која било причина, да не стане зависна од алкохол или дрога, да ја напушти Белгија засекогаш. Анеке вели дека тие упатства ја воделе низ животот и ѝ помогнале во деновите што следеле, заедно со советите што тој ѝ ги дал како да се соочи со мајката кај која морала да се врати.

„Тешко беше да се живее дома, мајка ми беше несреќна бидејќи повеќе не бев дел од мрежата. Се трудев да ѝ удоволам колку што можев, но си заминав од дома штом можев, па на 16 години “, рече Лукас која ја напушти Белгија во 80-тите, живеејќи во Париз, Лондон и Лос Анџелес пред трајно да се пресели во Њујорк.

„Посакувам ова да не беше мојата приказна и дека сè можеше да биде поинаку, но важно е да се зборува за сето ова. Поминав децении обидувајќи се да дојдам до точка каде што се чувствувам како некој што вреди да живее. Мислам дека фактот дека бев во таа мрежа, тоа што морав да повредувам други деца беше најлошиот дел, бидејќи тоа ме натера да се чувствувам како агресор, а не како жртва- заклучи.

Приказната некогаш предизвика голем скандал во Белгија, но во 2017-та година портпаролот на федералната полиција во Белгија рече дека тие не можат да ги коментираат тврдењата на г-ѓа Лукас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk